Најнови информации
-
Се одржа тркалезна маса за вработувањето низ призмата на дискриминацијата во трудот
4 март 2019Во организација на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, во понеделник (4 март 2019 година), се одржа тркалезната маса на тема „ Прашањето на вработување и престанок на работниот однос, низ призмата на дискриминацијата во трудот.
-
Oдржана тркалезна маса со студентитe од Факултетот за бизнис и економија
28 февруари 2019Студентите од Факултетот за бизнис и економија, на иницијатива на Клубот на идни лидери и Деканатот, во четвртокот (28 февруари 2019 година) одржаа тркалезна маса на теми кои се од интерес за студентите, како што се програмите Еразмус +, стажирањето, студентскиот живот, учеството во студентски клубови, оценувањето на студентите, предавањето и учењето.
-
Беше одржана Трибина за поддршка на бизнис идеи од бизнис ангели
27 февруари 2019„Станете бизнис ангел - поддржете успешна бизнис идеа“ беше темата на трибината која се одржа во среда (27.02.2019 год.) на Кампусот на УЈИЕ во Скопје. Овој настан е во организација на CEED Македонија и Универзитетот на Југоисточна Европа , поддржан од Министерството за економија и Швајцарската програма за претприемништво (SwissEP).
-
Отворено предавање за креативност и иновативност
22 февруари 2019Во четврток (21.02.2019 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа, се одржа отворено предавање на тема „Креативност и иновативност“.
-
Ректорот Беџети учествуваше на конференцијата на Албанските јавни универзитети во Приштина
21 февруари 2019Во рамките на 49-годишнината од основањето на Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“ минатиот викенд се одржа еднодневна конференција во Приштина, на која присуствуваа претставници од сите Aлбански јавни универзитети од Косово, од Албанија и од Северна Македонија.
-
УЈИЕ и ЈП „Комунална хигиена“ потпишаа договор за соработка
20 февруари 2019Денес (20.02.2019 год.) во просториите на УЈИЕ-Скопје беше потпишан договор за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и ЈП „Комунална хигиена“, претпријатие со кое тековно управува нашиот поранешен студент, г. Абдусамед Шабани.
-
Телеграма за сочувство
14 февруари 2019Универзитетот на Југоисточна Европа изразува најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите на трагичната несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово.
-
Амбасадорот Бејли во посета на Универзитетот на Југоисточна Европа
8 февруари 2019Во петокот (8. февруари) aмбасадорoт на САД во Македонија, Н.Е. Џес Л. Бејли, го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и одржа средба со ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и Проректорката за истражување и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи.
-
УЈИЕ ја продлабочува соработката со Универзитетот во Индијана
8 февруари 2019Во четвртокот (7 февруари 2019 година), ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа - акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, проректорката за истражување и меѓународни односи - проф. д-р Беса Арифи и проф. Блерта Абази-Чауши реализираа видео-конференција со високи претставници од Универзитетот во Индијана во САД.
-
ЕУА –ИЕП со честитки за извонредниот напредок во имплементацијата на препораките
5 февруари 2019Во писмото добиено од претседавачот на Управниот комитет на ИЕП, г. Сократис Кацикас, тој му честита на ректорот Беџети за напредокот во спроведувањето на препораките од Програмата за институционална евалуација на Европската универзитетска асоцијација (ЕУА) по една година од надворешната евалуација.
-
Беше одржана обука за вработените на УЈИЕ – нови академски програми, нова стратегија за истражување и постојан квалитет
25 јануари 2019Oбуката на вработените на УЈИЕ традиционално се одржа во јануари. Под водство на канцеларијата за квалитет беа организирани обуки во специфични области кои претходно беа идентификувани заради подобрување на студентските услуги и на севкупните перформанси на Универзитетот. Овогодинешната обука беше реализирана под мотото „Од стратегија до практика“.
-
УЈИЕ го презентираше софтверското решение и бизнис моделот за замена на стари грејни системи во домаќинствата со нови еколошки и финансиски ефикасни системи
25 јануари 2019„Бизнис енд иновејшн центар“ на Универзитетот на Југоисточна Европа го презентираше софтверското решение и бизнис моделот за инвестиции за замена на стари грејни системи во домаќинствата со нови. Целта е преку овој портал да се креираат индивидуални, енергетски и финансиски ефикасни решенија.
-
Предавање на Специјалниот јавен обвинител на Македонија, Катица Јанева
20 декември 2018Специјалниот јавен обвинител на Македонија Катица Јанева, во средата (19 декември, 2018 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, одржа предавање на тема „Улогата на Специјалното јавно обвинителство во развојот на владеењето на правото во Република Македонија“
-
Арјон Фејзулаху е избран за нов претседател на Студентскиот парламент и асоцијација на УЈИЕ
18 декември 2018Членовите на Студентскиот парламент и асоцијација, кои излегоа на последните избори заедно со сегашните членови, во понеделникот (17. декември 2018 г.) го избраа Арјон Фејзула за нов претседател на оваа асоцијација на првиот состанок на оваа констелација на парламентот. На овој состанок, Егзон Рамадани беше избран за потпретседател на Студентскиот парламент и асоцијација на УЈИЕ.
-
Ректорот Беџети оствари средба со професорката Скорфилд Мек Лаклан од Универзитетот во Јужна Флорида
11 декември 2018Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, денес (11. декември 2018 година), оствари официјална средба со д-р Џудитан Скорфилд Мек Лаклан, професорка во Универзитетот „Санкт Петерсбург“ во Јужна Флорида и меѓународен член на Одборот на Универзитетот.
-
На Правниот факултет се одбележа Меѓународниот ден за човекови права
11 декември 2018По повод Меѓународниот ден за човекови права и 70. годишнината од Декларацијата за човекови права, во понеделник (10. декември, 2018), Правниот факултет организираше низа активности за одбележување на овој ден.
-
Беше одржана јавна дебата за уставните промени
10 декември 2018Претставници на Владата на Република Македонија, професори и студенти, во понеделникот (10.12.2018 година) учествуваа на петтата јавна дебата, која се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово каде се дискутираа уставните измени предвидени во Преспанскиот договор.
-
Студенти од Факултетот за бизнис и економија во посета на Народна банка на РМ
10 декември 2018Во петок (7 декември 2018), студентите од втора година на Факултетот за бизнис и економија од кампусот во Тетово и во Скопје и студентите од трета година на студиската програма Финансии и сметководство од Тетово под водство на проф.д-р Јетон Мазлами ја посерија Народна банка на Република Македонија.
-
Фудбалскиот клуб Шкупи победник на меморијалниот турнир Арбен Џафери
28 ноември 2018Фудбалскиот тим „ФК Шкупи“ од Скопје е победник на Меморијалниот турнир „Арбен Џафери“ кој се одржа во вторникот (27. ноември 2018 година), во спортската сала на Медицинското училиште во Тетово.
-
Седумнаесет години посветеност, знаење и квалитет
23 ноември 2018Во петокот (23 ноември 2018 година) Универзитетот на Југоисточна Европа ја одбележа 17-годишнината од основањето. На овој настан присуствуваше министерот за образование и наука на Македонија, Арбер Адеми; ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип; проректорите од Универзертот во Тетово и „Св. Климент Охридски“ од Скопје, како и многу други гости.