Најнови информации
-
УЈИЕ ја продлабочува соработката со Универзитетот во Индијана
8 февруари 2019Во четвртокот (7 февруари 2019 година), ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа - акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, проректорката за истражување и меѓународни односи - проф. д-р Беса Арифи и проф. Блерта Абази-Чауши реализираа видео-конференција со високи претставници од Универзитетот во Индијана во САД.
-
ЕУА –ИЕП со честитки за извонредниот напредок во имплементацијата на препораките
5 февруари 2019Во писмото добиено од претседавачот на Управниот комитет на ИЕП, г. Сократис Кацикас, тој му честита на ректорот Беџети за напредокот во спроведувањето на препораките од Програмата за институционална евалуација на Европската универзитетска асоцијација (ЕУА) по една година од надворешната евалуација.
-
Беше одржана обука за вработените на УЈИЕ – нови академски програми, нова стратегија за истражување и постојан квалитет
25 јануари 2019Oбуката на вработените на УЈИЕ традиционално се одржа во јануари. Под водство на канцеларијата за квалитет беа организирани обуки во специфични области кои претходно беа идентификувани заради подобрување на студентските услуги и на севкупните перформанси на Универзитетот. Овогодинешната обука беше реализирана под мотото „Од стратегија до практика“.
-
УЈИЕ го презентираше софтверското решение и бизнис моделот за замена на стари грејни системи во домаќинствата со нови еколошки и финансиски ефикасни системи
25 јануари 2019„Бизнис енд иновејшн центар“ на Универзитетот на Југоисточна Европа го презентираше софтверското решение и бизнис моделот за инвестиции за замена на стари грејни системи во домаќинствата со нови. Целта е преку овој портал да се креираат индивидуални, енергетски и финансиски ефикасни решенија.
-
Предавање на Специјалниот јавен обвинител на Македонија, Катица Јанева
20 декември 2018Специјалниот јавен обвинител на Македонија Катица Јанева, во средата (19 декември, 2018 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, одржа предавање на тема „Улогата на Специјалното јавно обвинителство во развојот на владеењето на правото во Република Македонија“
-
Арјон Фејзулаху е избран за нов претседател на Студентскиот парламент и асоцијација на УЈИЕ
18 декември 2018Членовите на Студентскиот парламент и асоцијација, кои излегоа на последните избори заедно со сегашните членови, во понеделникот (17. декември 2018 г.) го избраа Арјон Фејзула за нов претседател на оваа асоцијација на првиот состанок на оваа констелација на парламентот. На овој состанок, Егзон Рамадани беше избран за потпретседател на Студентскиот парламент и асоцијација на УЈИЕ.
-
Ректорот Беџети оствари средба со професорката Скорфилд Мек Лаклан од Универзитетот во Јужна Флорида
11 декември 2018Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, денес (11. декември 2018 година), оствари официјална средба со д-р Џудитан Скорфилд Мек Лаклан, професорка во Универзитетот „Санкт Петерсбург“ во Јужна Флорида и меѓународен член на Одборот на Универзитетот.
-
На Правниот факултет се одбележа Меѓународниот ден за човекови права
11 декември 2018По повод Меѓународниот ден за човекови права и 70. годишнината од Декларацијата за човекови права, во понеделник (10. декември, 2018), Правниот факултет организираше низа активности за одбележување на овој ден.
-
Беше одржана јавна дебата за уставните промени
10 декември 2018Претставници на Владата на Република Македонија, професори и студенти, во понеделникот (10.12.2018 година) учествуваа на петтата јавна дебата, која се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово каде се дискутираа уставните измени предвидени во Преспанскиот договор.
-
Студенти од Факултетот за бизнис и економија во посета на Народна банка на РМ
10 декември 2018Во петок (7 декември 2018), студентите од втора година на Факултетот за бизнис и економија од кампусот во Тетово и во Скопје и студентите од трета година на студиската програма Финансии и сметководство од Тетово под водство на проф.д-р Јетон Мазлами ја посерија Народна банка на Република Македонија.
-
Фудбалскиот клуб Шкупи победник на меморијалниот турнир Арбен Џафери
28 ноември 2018Фудбалскиот тим „ФК Шкупи“ од Скопје е победник на Меморијалниот турнир „Арбен Џафери“ кој се одржа во вторникот (27. ноември 2018 година), во спортската сала на Медицинското училиште во Тетово.
-
Седумнаесет години посветеност, знаење и квалитет
23 ноември 2018Во петокот (23 ноември 2018 година) Универзитетот на Југоисточна Европа ја одбележа 17-годишнината од основањето. На овој настан присуствуваше министерот за образование и наука на Македонија, Арбер Адеми; ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип; проректорите од Универзертот во Тетово и „Св. Климент Охридски“ од Скопје, како и многу други гости.
-
Ректорот на Универзитетот св.Кирил и Методиј, проф. д-р. Никола Јанкуловски заедно со Проректорката за наука, проф. д-р.Билјана Ангелова го посетија Универзитетот
22 ноември 2018Денес (22 ноември 2018 година), по повод Денот на одбележувањето на 17. годишнината Универзитетот на ЈИЕ , исто така и Денот на албанската азбуката, ректорот на Универзитетот св.Кирил и Методиј, Скопје, проф. д-р. Никола Јанкуловски заедно со Проректорката за наука, проф. д-р.Билјана Ангелова го посетија Универзитетот и оствариja средба со ректорот акад. Беџети .
-
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу во посета на УЈИЕ
13 ноември 2018Во понеделникот (12. ноември 2018 година) министерот за локална самоуправа во Владата на Република Македонија, г. Сухејл Фазлиу, го посети Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово. Тој оствари средба со Ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, со кого разговараа за начините на соработка помеѓу двете институции.
-
Ректорот Беџети оствари средба со ректорот на Меѓународниот балкански универзитет
9 ноември 2018Во петокот (9. ноември), ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, оствари средба со ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, проф. д-р Мехмет Дурсун Ердем.
-
Беше одржана работна средба за презентирање на владиниот „План за економски раст“
8 ноември 2018Во среда (7.11.2018 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа остварија средба академијата, бизнис-секторот и владините претставници за да дискутираат за планот за економски развој.
-
Претставници од Американската амбасада ги презентираа можностите за учење во САД
8 ноември 2018Координаторот за образование, г. Шалом Констатино и г. Газменд Иљази, во четвртокот (1. ноември), во рамките на предметот „Развој на кариера“, кој го предава проф. д-р Вели Креци, ги претставија студиските програми кои се нудат за студирање во САД и можностите за продолжување кариерата во САД.
-
Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети во посета на УЈИЕ
31 октомври 2018Во среда, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа aкад. проф. д-р Абдулменаф Беџети оствари средба со ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети.
-
Студентите од УЈИЕ се вклучија во кампањата за подигнување на јавната свест за ракот на дојка
26 октомври 2018Феминистичкиот клуб на Универзитетот на Југоисточна Европа со конкретни активности се приклучи на кампањата за подигнување на јавната свест за борба и рано откривање на ракот на дојка, која беше организирани низ целиот свет во текот на октомври.
-
LOW4BIT, BONDHIDROGENBOND и TELEOIS се победници на NASA Space Apps во Тетово 2018
25 октомври 2018Тимот Low4Bit, кој го сочинуваат студентите од УЈИЕ, го освои првото место на меѓународниот натпревар НАСА за вселенски апликации, кој се одржа од 19 до 20 октомври 2018 година во Технолошкиот парк на УЈИЕ.