Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Седумнаесет години посветеност, знаење и квалитет

Во петокот (23 ноември 2018 година) Универзитетот на Југоисточна Европа ја одбележа 17-годишнината од основањето. На овој настан присуствуваше министерот за образование и наука на Македонија, Арбер Адеми; ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип; проректорите од Универзертот во Тетово и „Св. Климент Охридски“ од Скопје, како и многу други гости.

„Денес ние ја славиме 17. годишнината од основањето на нашиот Универзитет а вчера ја славевме 110. годишнината на обединетата азбука на албански јазик. Два важни празника неизбежно меѓусебно поврзани Универзитетот како храм на високото образование и денот на азбуката како основа на националниот интелектуализам и култура“ рече во своето обраќање ректорот акад. проф д-р Абдулменмаф Беџети.

Говорејќи за достигнувањата на Универзитетот во текот на 17-години постоење, ректорот Беџети го истакна придонесот на двата претходни ректори, ветувајќи дека ќе ја оствари мисијата на Универзитетот и ќе ја реализира третата фаза, одржливост и развој врз основа на вредности и диференцијација во квалитетот во услови на пазарна економија надвор од географските граници.

„Концептот на пазарот тука не е во микроструктурен контекст, туку во смисла на оптимизација, искористување и развој дури и во панрегионален аспект, движејќи се кон континуирана интернационализација.“ рече ректорот Беџети.

Во однос на долгорочната одржливост, ректорот Беџети ги истакна конкретните чекори што се преземени од почетокот на неговиот мандат.

„По пет години јавно финансирање со апсолутна рамна вредност и без фискален статус, благодарение на институционалната поддршка, прва од министерот за образование и наука, а потоа и на премиерот, оваа академска година го означуваме значителното зголемување на средствата, но пред сè и статусот на редовниот фискален субјект во Централниот државен буџет.“, истакна меѓу другото ректорот Беџети.

Министерот за образование и наука на Македонија, Арбер Адеми, рече дека Универзитетот на Југоисточна Европа ја реализираше идејата и визијата на комесарот на ОБСЕ, Макс ван де Штул.

„Тековно Универзитетот на Југоисточна Европа ги диктира трендовите за квалитет во високото образование, а дипломците кои произлегуваат од овој универзитет со нивната подготвеност и знаење и даваат придонес во економскиот и социјалниот развој, без разлика каде и да се ангажирани“, рече министерот Адеми.

Претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. д-р Денис Фарингтон, во своето обраќање, меѓу другито, зборуваше за важноста од зачувувањето на моделот на универзитетот, потсетувајќи на напорите и чекорите што се случија пред 20 години при основањето.

„Сега постои нов Закон за високо образование со прилично различна структура за нашата на јавните универзитети: некои од Членовите се однесуваат на нас, но ние сакаме да го задржиме моделот Splugenschloss, кој дефинитивно добро работеше. Лично, не гледам добра причина да го смениме значително; нема потреба да се поправи нешто што не е скршено.”, рече претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. Фарингтон.

За време на прославата на годишнината од Универзитетот, беа промовирани и кандидати за докторски студии, кои симболично ги добија своите дипломи од ректорот.

За уметничкиот дел од церемонијата беше ангажиран хорот на Универзитетот во Тетово, како и бендот „Триола“ од Тетово.

Google+