Факултет за современи општествени науки
Факултет за современи општествени науки беше основан во 2001 како единствен и прв факултет во оваа академска дисциплина во Република Македонија и во регионов. Факултетот подготвува идни лидери главно за владините институции како и за невладините организации. Нашите програми ја поврзуваат теоријата со практиката како еден од најважните услови за здобивање вештини, знаења и способности за успешна кариера во јавната администрација. Студентите од Факултетот за современи општествени науки во текот на тригодишните студии ќе се здобијат со знаења за јавниот менаџмент, правото, економијата , квантитативните методи, ќе се здобијат со вештини за истражување , ефективна комуникација и со менаџирање во јавната администрација. Дипломираните ќе можат да придонесат за креирање, имплементација и за евалвација на јавните политики за доброто на општеството.
Факултет за современи општествени науки е активно вклучен во меѓународната академска соработка со универзитетите и институтите, односно со Институтот за јавна администрација (Париз) , Школата Спаер (Германија), Универзитетот од Питсбург, Универзитетот Индијана, Универзитетот Апалачијан (САД). Преку академската соработка се овозможува размена на академски кадар и студенти, организација на научни и стручни состаноци, конференции, семинари и публикации.
Ние постојано ги ревидираме нашите студиски програми во согласност со барањата на пазарот на трудот во Република Северна Македонија и во регионов.