Правна клиника „Про бона“- Правен факултет, Универзитетот на Југоисточна Европа
Известување за бесплатна правна помош
Се известуваат сите граѓани дека од 1. март 2021 година ќе биде отворена Правната клиника „Про бона“ во рамките на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа. Клиниката е за сите маргинализирани групи и за сите граѓани на кои им се потребени бесплатен правен совет и помош и кои ги исполнуваат условите за бесплатна правна помош според одредбите на Законот за бесплатна правна помош.
Правната клиника ќе биде отворена според овој распоред: понеделник (од 10: 00 до 12: 00 часот), среда (од 13: 00 до 15: 00 часот) и петок (од 11: 00 до14: 00 часот). Правната клиника се наоѓа во Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа (објект бр.803.01) и ќе работи со физичко присуство, почитувајќи ги потребните мерки за превенција и заштита од Ковид-19.
Странките кои не можат физички да се обратат до Правната клиника ќе можат да нѐ контактираат на следнава и-мејл адреса: legalclinicprobono@seeu.edu.mk
Заинтересираните граѓани од Тетово и Гостивар кои ги исполнуваат условите за бесплатна правна помош ќе бидат сослушани од асистентот на Правната клиника и случајот ќе биде доставен до кадарот на Правниот факултет со цел на граѓаните да им се обезбеди соодветна правна поддршка. Сите правни услуги кои Правната клиника ќе им ги обезбеди на заинтересираните страни ќе бидат бесплатни!
Со почит,
Кадарот од Правната клиника „Про бона“