COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Истражувањето во ЈИЕУ

Од основањето на Универзитетот основна мисија беше да се создаде и да се овозможи пристап до знаење на највисоко ниво. УЈИЕ продолжува во остварување на целите преку извонредност во наставата и преку унапредување на истражувачките активности.

Истражувањето е главна грижа на Универзитетот. Како поединци, сите членови на академскиот кадар се очекува да бидат активни истражувачи и да покажат високо ниво на интегритет и етика во научното истражување. Членовите на академскиот кадар ги забележуваат своите истражувачки публикации во базата на податоци за истражување на Универзитетот, а индивидуалниот успех на истражувањето се оценува за време на годишната евалуација на кадарот на УЈИЕ. Сите овие податоци се директно внесени и се земаат предвид за време на одлучувањето за можните промоција во наставно-научно звање на академскиот кадар.

Универзитетот има два главни истражувачки институти за да се поттикне соработка и мултидисциплинарно истражување меѓу кадарот на УЈИЕ и надворешните партнери. Институтот за истражување Макс ван дер Штул ги координира големите проекти на Универзитетот кои ги вклучуваат политичките, правните и социјалните науки, а Институтот за животна средина и здравје е фокусиран првенствено на прашањата кои го опфаќаат одржувањето здравјето и еколошкото менаџирање. Во рамките на овие институти, истражувачките групи од избраните вработени и соработници ги комбинираат своите специјализации, со цел да се создаде истражување од меѓународен калибар.

УЈИЕ има развиено истражувачки проекти од внатрешните фондови за истражување, проекти на ТЕМПУС и е координатор на други меѓународни истражувачки проекти финансирани од ФП7, РРПП, УНДП, АСО итн.

УЈИЕ има објавено неколку наслови вклучително на учебниците и извештаите од истражувачките проекти во голем број различни академски дисциплини. УЈИЕ редовно го издава научниот магазин SEEU Review, со трудови од кадарот од УЈИЕ и од странски автори во рамките на соработката со Универзитетот.

Google+