Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Позитивни искуства

Mентор Хамиди
Инвеститор на меѓународните финансиски пазари во Insight 11


УЈИЕ обезбедува извонредно опкружување за унапредување на истражувачките и апликативните капацитети за студентите. Заедно со познавањето различни практики и феномени кои очигледно играат важна улога, она што ивлијаеше на мене е и способноста да се идентификуваат специфични проблеми и да се најдат начини за нивно решавање.
УЈИЕ ми помогна брзо да се прилагодам на различни работни околности. Во услови кога барањата на работното место постојано се разликуваат, способноста да се биде вреден и ефикасен е клучна. УЈИЕ ми помогна да ги разберам овие феномени и да ги истражам новите хоризонти на знаењето.
Разберете ги вашите конкурентни предности и специјализирајте во областа во која мислите дека ќе го дадете најдоброто од себе.

Алејна Алија
вработена како ИТ-проектен менаџер во Erste Group IT International


Доколку се осврнам на минатото, некои од најдобрите години што ги доживеав беа за време на моите студии на УЈИЕ. Главно се сеќавам на атмосферата во кампусот на УЈИЕ во Скопје, кој, иако мал, беше полн со добри искуства. Мојата студиска група се состоеше само од 10 студенти, кои многу ја олеснија соработката во групата, но беше овозможено и полесно и поефикасно остварување контакти со професорите.
По завршувањето на моите додипломски студии на УЈИЕ, продолжив со магистерските студии во Виена. Луѓето честопати ме прашуваат за разликата и колку е тешко да се завршат студиите во странство. Сакам да истакнам дека студиската програма Бизнис-информатика на УЈИЕ беше дизајнирана да нè подготви со знаење во многу области. Со програмата се обезбедува знаење кое е многу потребно во ИТ-областа, но, пред сè, оваа студиска програма ме мотивираше да се прилагодам на меѓународната средина. Со искуството и знаењето кои ги стекнав во текот на 3 години студии по Бизнис-информатика, бев поподготвена и пофлексибилна за да се прилагодам на понатамошните магистерски студии, но и во професионалниот живот како ИТ проект-менаџер.
Би ги советувала сите сегашните и идните студенти да ги искористат предностите на нивната младост и да го поминат своето слободно време попродуктивно со тоа што ќе бидат повеќе вклучени во студиите, но да се интересираат и за дополнителните можности што ги нуди Универзитетот.

Taне Димовски
раководител на Одделение за односи со јавноста и маркетинг-комуникации, Агенција за млади и спорт- Влада на РМ


Кога се запишав на магистерските студии бев изненаден од восприемчивоста на вработените и професорите. Позитивната енергија можеше да се почувствува од студентската кафетерија , студентскиот сервис, на се до професорските кабинети. Достапноста на професорите во секое време беше една од најголемите придобивки. Веќе можам да ги почувствувам “плодовите” од завршените магистерски студии за односи со јавноста и маркетинг-комуникации. Образованието кое го стекнав на Универзитетот на Југоисточна Европа ми помогна многу во понатамошната работа при Агенцијата за млади и спорт. Со знаењето кое го стекнав воведов новини во работата на Одделението за односи со јавноста и маркетинг - комуникации, како и во практиката на комуникации со јавноста и со новинарите.
Мојата порака до идните студенти на УЈИЕ и без размислување да го изберат најдобриот универзитет во Македонија, каде што ќе добијат шанса да се стекнат со знаење еднакво со европските универзитети, и на досегашните студенти ќе им порачам постојано да работат и да трагаат по своето знаење затоа што образованието и патот кон вашата слобода, а знаењето е најсилното средство со кое можеме да го смениме својот живот.

Дардан Бектеши
вработен во Moodagent во Копенхаген како развивач на софтвер


Студирав на студиската програма на УЈИЕ - Компјутерско инженерство на Факултетот за современи науки и технологии од 2013 до 2016 година. Во текот на периодот на студирање имав стипендија за заслуги доделена од Универзитетот. Сега живеам во Данска, каде што завршив магистерски студии за развој на софтвер (со специјализација во бизнис-аналитика) на Универзитетот за ИТ во Копенхаген. За време на студиите на УЈИЕ завршив тримесечено стажирање во „Еколог Интернешал“ во Тетово. Во последниот семестар бев ангажиран како тутор во лабораторијата на Факултетот за современи науки и технологии. На УЈИЕ ќе имате можност да работите во лаборатории со модерна опрема, да се вклучите во проекти, каде што ќе можете да користите различни технологии и да добивате совети од професори кои се експерти во соодветните области.

Д-р Куштрим Истрефи
професор по Меѓународно право и Европско право на Универзитетот во Амстердам и визитинг-професор на Правниот факултет во Рига


УЈИЕ е водечки универзитет во регионот за напредни студиски програми, етнички и културен диверзитет, импресивна инфраструктура и професионален пристап на академскиот и административниот кадар за студентите.

Шќипе Зендели
професор по германски јазик, ментор за вработување, државен обучувач, Klubschule Migros во Цирих, Швајцарија


Знаењето што го стекнав на УЈИЕ ми помогна многу во професијата што ја практикувам во моментот. Особено, знаењето што го стекнав од предметот методологија, што е со висок европски стандард и ми помогна во мојата професионална подготовка. Првото искуство ми беше како предавач по германски јазик за време на студиите, каде што ми беше овозможено да предавам во основните училишта во Швајцарија и да следам предавања во Високата педагошка школа во кантонот Цуг. Ова го постигнав благодарение на соработката меѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Швајцарската висока педагошка школа.

Aлександар Сотировски
вработен во Leoron Events JLT, Дубаи, УЕА


Универзитетот на Југоисточна Европа ми даде првокласно образование и заедно со прогласувањето за студент на генерација, Центарот за кариера на УЈИЕ ми помогна да најдам многу профитабилна работа во Leoron Group, меѓународна компанија со седиште во Дубаи. Многу сум задоволен од поддршката што ја добив од Универзитетот и би препорачал секој кој сака квалитетно образование и успешна кариера, да го избере УЈИЕ.

Влора Бајрами
Професор по германски јазик и ментор за вработување, Klubschule Migros во Цирих


Студирав на Факултетот за јазици, култури и комуникации на студиската програма Германски јазик и литература, завршив додипломски и магистерски студии.
Моето искуство на УЈИЕ беше многу позитивно, бидејќи ми помогна во моето интелектуално формирање. Комбинацијата на локални и намеѓународни професори во програмата за германски јазик влијаеше на мене за да стекнам доволно работно познавање за позицијата на која сум моментално вработена.
Дополнително на квалитетните студии на УЈИЕ мене ми беше овозможено - како истакнат студент- да предавам во основните училишта во Швајцарија и да следам предавања во Високата педагошка школа во Луцерн.

Д-р Розета Трајан
Генерален секретар, Државна комисија за спречување на корупција


За УЈИЕ би кажала дека тоа е прекрасно искуство кое е врзано со убави спомени од моето образование и едукација. На Правниот Факултет се стекнав со знаење кое ми беше корисно во понатамошниот тек на моја лична надградба и напредок во кариерата. Додека студирав го изучував и албанскиот јазик и се запознавав со различни култури. Имав можност да бидам дел од зимски и летни школи организирани од меѓународни спонзори како и стипендии. Интерактивната настава, наставниот кадар и администрацијата ми помагаа во моите студии. Накратко кажано, тоа е едно незаборавно искуство.
Студирањето на УЈИЕ ми го трасира патот кон науката но исто така и кон мојот професионален ангажман. Она што можам да го кажам е дека знаењето кое што го стекнав е конкурентно во нашата држава но и надвор од неа. Па така, во еден период бев ангажирана како помлад асистент на Правниот Факултет на УЈИЕ, се занимав со правосудна работа, работа во државна администрација во една политичка институција ,како и работа во независно превентивно тело за борба против корупција и судир на интереси.
Се уште ги одржувам контактите со мојот универзитет и се радувам на секој успех и измината година на работа и постоење. Моите професори и колеги сега ми се и пријатели но и соработници во работата. Горда сум на кадарот кој работи но и кадарот кој произлезе од УЈИЕ.
Верувајте и работете на себе. Студирајте на место како што е УЈИЕ. Разликите се предност и голема мотивација.

Google+