Финансиска поддршка
Рокови:
Прв рок за аплицирање:
До 14.09.2024
Објавување на прелиминарните резултати :
17.09.2024
Објавување на конечните резултати :
19.09.2024
Конфирмација на доделените стипендии:
23.09.2024 – 11.10.2024
Програма на УЈИЕ за стипендии по заслуга
Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) преку стипендиите по заслуга (MBS) има за цел финансиски да ги поддржи новите студенти во првиот циклус на студии (додипломски студии) кои ќе се запишат како редовни студенти во академската 2024/25 година.
Целта на оваа програма е да се поддржат финансиски сите идни студенти кои сакаат да стекнат квалитетни и професионални знаења и вештини преку студиските програми на УЈИЕ.
(1) Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за упис на УЈИЕ, согласно Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус на студии (академска 2024/2025 година).
(2) Право на пријавување имаат сите кандидати граѓани на РСМ кои постигнале одличен успех во текот на средното образование и кои се запишани како редовни студенти, на една од студиските програми (три или четири годишни студии), на факултетите:
- Бизнис и економија (БЕ)
- Современи науки и технологии (СНТ)
- Правен
- Современи општествени науки (СНТ)
- Јазици, култури и комуникација (ЈКК)
- Технички науки (ТН)
- Здрвстени науки (ЗН)
(3) Стипендијата по заслуги (MBS) се доделува на почетокот на студиите на УЈИЕ, врз основа на успехот постигнат во средното образование (просечен успех 4,50 - 5,00).
(4) Стипендијата по заслуги (MBS) се обновува (продолжува) секоја академска година за целиот период на додипломски студии (3 или 4 години), се додека студентот успее да ги исполни академските барања (висок просек на оценки за време на студиите).
(5) Право на пријавување имаат и кандидатите кои се префрлаат од други високообразовни установи во втора година на додипломски студии.
Во зависност од просечната оценка од средното училиште се утврдува висината на стипендијата во прва година на студии. При пресметката на општиот просек се пресметува просечната оценка за секоја година (I, II, III и IV година ) без оценките од државната матура.
Кандидатите кои имаат завршено средно образование во други земји, нивните оценки се еквивалентираат според системот на оценување на РСМ.
Висина на стипендии по категории:
- Група A = 60% од школарината [просек на оценки (GPA) 5.00]
- Група Б = 40% од школарината [просек на оценки (GPA) 4.50 - 4.99]
Во зависност од категоријата на доделена стипендија, стипендистот ја плаќа разликата како придонес за годишната школарина.
Кандидатот кој се префрла од друга високообразовна установа, покрај просечна оценка од средно образование (4,50 - 5,00), за време на студирањето мора да има и просечен успех 9,0. Висината на стипендијата во учебната година префрлена во УЈИЕ се утврдува врз основа на просекот од средното образование.
Факултет |
||
---|---|---|
[Група A]
60%
|
[Група Б]
40%
|
|
Бизнис и економија (БЕ) (1) | 1080 евра | 720 евра |
Современи науки и технологии (СНТ) (1) | 1080 евра | 720 евра |
Правен | 780 евра | 520 евра |
Современи Општествени Науки (СОН) | 780 евра | 520 евра |
Јазици, култури и комуникација (ЈКК) | 780 евра | 520 евра |
Технички науки (ТН) | 1080 евра | 720 евра |
Здравствени науки (ЗН) (2) | 780 евра | 520 евра |
- (1) На студиските програми понудени на англиски јазик, годишната стипендија во групата А е 1200 евра, додека во групата Б е 800 евра.
- (2) Во студиската програма ”Општа медицинска сестра”, годишната стипендија во групата А е 900 евра, додека во групата Б е 600 евра.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- формулар за апликација за MBS за академската година 2024-25;
- копии од свидетелства за завршување на прва, втора, трета и четврта година на средно образование;
- копија од лична карта.
Студентите кои се префрлаат од други институции доставуваат и транскрипт на оценки од високообразовната институција.
Документацијата за аплицирање се доставува во Канцеларијата за финансиска помош или во Канцеларијата за прием во Тетово или во Скопје.
Стипендијата по заслуги се обновува (продолжува) секоја академска година врз основа на академскиот успех. Со годишното обновување, на носителот на стипендија му се овозможува да се префрли од групата Б во групата А, и обратно ‒ натпреварувачки елемент. И навременото стекнување 60 ЕКТС кредити е уште еден услов за носителот на стипендија што го мотивира да дипломира навреме.
Барањата за продолжување на стипендиите (по првата, втората или третата година) се следниве:
- 60 ЕКТС кредити стекнати на крајот на секоја академска година; просечна оценка (кумулативно) најмалку 8,50 за категоријата стипендија Б и просек на оценки за категоријата стипендија А (кумулативен) најмалку 9,00.
Нивото на стипендија и условите за продолжување се утврдуваат во Писмото за доделување стипендија на почетокот на секоја академска година. Академското достигнување на носителот на стипендија се прегледува на крајот на секоја академска година.
Врз основа на просечната оценка (горенаведените барања за продолжување на стипендијата), Канцеларијата за финансиска помош го потврдува обновувањето или прекинувањето на стипендијата за следната година.
Висина на стипендијата по заслуга (по првата година)
Продолжувањето на стипендијата (обновувањето) ќе биде секоја академска година и ќе зависи од кумулативниот просек на оценки и на студентот ќе му се додели стипендијата од релевантната категорија.
Категорија на стипендии | Група A | Група Б |
---|---|---|
Кумулативен просек на оценки | 9.00 - 10.00 | 8.50 - 8.99 |
Годишна висина на стипендијата по заслуга на Факултети [БЕ/СНТ/ТН] | 1080 евра | 720 евра |
Годишна висина на стипендијата по заслуга на Факултети [Правен/ЈКК/СОН/ЗН] | 780 евра | 520 евра |
- На студиските програми понудени на англиски јазик, годишната стипендија во групата А е 1200 евра, додека во групата Б е 800 евра.
- Во студиската програма ”Општа медицинска сестра”, годишната стипендија во групата А е 900 евра, додека во групата Б е 600 евра.
Рокови:
Прв рок за аплицирање:До 14.09.2024
Интервју на кандидатите:
01.10-11.10.2024
Објавување на конечните резултати:
15.10.2024
Конфирмација на доделените стипендии:
21.10.2024 – 31.10.2024
Програма за стипендија по заслуга + потреба (Merit + need-based Scholarship Program - NBS) - Социјална стипендија
Програмата за стипендии по заслуга + потреба [NBS] во академската 2024/2025 година поддржува поединечни случаи на одлични кандидати кои се во голема финансиска потреба. Оваа програма вклучува и кандидати со посебни потреби.
Социјалната стипендија (NBS) го опфаќа целиот период на додипломски студии (3 или 4 години студии), предвидени во студиската програма што студентот ја запишува. Се доделува на почетокот на студиите и се обновува (продолжува) секоја академска година.
(1) Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за упис на УЈИЕ, согласно Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус на студии (академска 2024/2025 година).
(2) Право на пријавување имаат сите кандидати граѓани на РСМ кои постигнале одличен успех во текот на средното образование и кои се запишани како редовни студенти.
(3) Социјалната стипендија (NBS) се обновува (продолжува) секоја академска година за целиот период на додипломски студии (3 или 4 години), се додека студентот успее да ги исполни академските барања (висок просек на оценки за време на студиите).
(4) Право на пријавување имаат и кандидатите кои се префрлаат од други високообразовни установи во втора година на додипломски студии.
(1) УЈИЕ ќе додели ограничен број стипендии со социјални компоненти во зависност од случаите; буџетот на ниво на Универзитетот е 5.000 евра.
(2) Социјалната стипендија опфаќа 80% од школарината на соодветната студиска програма.
Пре-дизбор
Комисијата за доделување стипендија на соодветниот факултет ќе ги разгледува само пополнетите апликации. При исполнување на општите барања, првично ќе се примени исполнувањето на критериумот за заслуги заснован на просекот на оценката. Кандидатите кои не ги исполнуваат овие критериуми немаат право за понатамошно оценување.
Потребата од финансиска помош ќе се процени врз основа на доставената документација и релевантната потврда на податоците.
Интервјуа со кандидатите
За доделување на стипендии во оваа програма, релевантната Комисија ќе има интервјуа со кандидати врз основа на кои ќе ги оценува кандидатите во однос на заслугата и според соодветната проверка на потребата од финансиска помош.
Доделување стипендии (избор на кандидати)
Релевантната комисија ќе ги избере кандидатите врз основа на критериумите за заслуги и потребата од финансиска помош.
Приоритет во доделувањето на стипендиите ќе имаат кандидатите со посебни потреби.
Кандидатите на кои не им е доделена социјална стипендија (NBS), имаат право на стипендија заснована на заслуги според условите и критериумите за програмата за стипендии според заслуга (MBS) за академската 2024-2025 година.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- пополнет формулар за пријавување за социјална ( Формулар за апликација за NBS, академска година 2024-25 ) и
- придружна документација, наведена во формуларот за пријавување.
Краен рок: 14.09.2024
Документацијата за пријавување се доставува до Канцеларијата за финансиска помош или Канцеларијата за прием во Тетово или Скопје.
Социјалната стипендија се обновува на почетокот на секоја академска година врз основа на релевантната документација. За да ја продолжи социјалната стипендија по првата, втората или по третата година, студентот мора да постигне академски напредок, според следниве критериуми:
- 60 ЕКТС кредити стекнати на крајот на секоја академска година;
- Просек на оценки (кумулативен) најмалку 9,00.
Социјалната компонента (потребата за финансиска помош) се ревидира на годишно ниво со соодветна документација.
Износот на стипендијата и условите за продолжување се потврдени во Писмото за доделување стипендија на почетокот на секоја академска година.
Доколку носителот на стипендија не го постигне утврдениот академски успех (просек од најмалку 9,00) на крајот на секоја академска година и не ја докаже потребата од финансиска помош, го губи правото да ја продолжи социјалната стипендија следната академска година.
Аплицирај за "Работи и студирај"
Рокови:
Краен рок за пријавување
До 13.09.2024
Интервју со кандидатите
26.09.2024 – 04.10.2024
ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА
Со програмата "Работи и студирај", УЈИЕ им овозможува на студентите финансиска поддршка во текот на нивните студии со истовремено стекнување работно искуство и со можност да ги покажат своите професионални вештини. Во академската 2025/25 година ќе бидат поддржани околу 100 студенти.
ОПШТИ УСЛОВИ
- Студентите можат да бидат ангажирани до 12 часа неделно, до износот потребен за школарина за една академска година во текот на неговите студии.
- Право да аплицираат за програмата „Работи и студирај" имаат сите студенти, но предност ќе им се даде на студентите кои ќе докажат дека имаат потреба од финансиска поддршка и на оние кои поседуваат вештини за работното место.
НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните кандидати за оваа програма треба да достават:
- Пополнета апликација за програмата „Работи и студирај“, и
- Потребна документација со која се докажува социјалната и економската состојба на студентот.
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
До 13 септември 2024 год (за студентите кои ќе се запишат во првата година)
Апликацијата за програмата "Работи и студирај" можете да се преземе од тука Образец за пријавување, или од канцеларијата за финансиска помош (Тетово), објект 801.
Финансиско олеснување
(за втор и трет член од семејството)
Канцеларијата за финансиска поддршка на ЈИЕУ ги објавува и ги администрира апликациите за финансиското олеснување за плаќање на школарина за двајца или повеќемина студенти од исто семејство (само членови на потесно семејство)
Финансиското олеснување важи за активните студенти запишани во УЈИЕ во академската 2024/25 година на првиот или на вториот циклус на студии.
ЦЕЛ НА ПРОГРАМАТА
Финансиското олеснување на плаќање на школарина за двајца или повеќе студенти од исто семејство (само членови на потесно семејство – брат или сестра) кои студиратта во ЈИЕУ ќе се применува според следнава шема:
За академската година 2024/25 околу 15.000 евра ќе бидат доделени за оваа програма.
Висината на финансиското олеснување (намалување):
- Првиот студент од семејството плаќа 100% од школарината
- Вториот студент од семејството плаќа 85% од школарината (15% попуст)
- Третиот студент од семејството плаќа 75% од школарината (25% попуст)
Условите на аплицирањето за финансиското олеснување
- Право на аплицирање за финансиско олеснување (намалување на годишниот износ на школување) имаат членовите на потесното семејство кои се запишани во академската 2024/24 година.
- Апликантите треба да имаат финансиска обврска за академската 2024/25 година
- Намалувањето на годишниот износ на школување се применува кај вториот и третиот член на семејството
-
Финансиското олеснување (попустот) не се применува:
- ако некој од студентите – член на потесно семејство-во академската 2024/25 прима стипендија или финансиска помош од фондови кои се администрираат од УЈИЕ или од странски фондови;
- ако некој од студентите – член на потесно семејство е ангажиран во програмата „работи-студирај“.
- ако некој од студентите – член на потесно семејство-во академската 2024/25 има финансиска обврска помала од 50% од износот на школарина за еден семестар.
Забелешка: Ако еден од апликантите има финансиска обврска повеќе од 50 % од износот на школарина за еден семестар, но помалку од школарината за една академска година, тогаш се овозможува пола од предвидениот попуст.
Потребната документација
- Образец за пријавување
- Извод од матична книга на родените, само за студнетите кои аплицират за прв пaт.
Пополнетиот формулар со потребната документација се доставува во Канцеларијата за финансиска подршка, УЈИЕ кампус во Тетово, објект бр.801
Подготвеност да ви помогнеме
Канцеларијата за финансискa поддршка обезбедува информации и помош за студентите во текот на целата академска година, иако повеќето од студентите размислуваат за финансиската поддршка само еднаш во годината.
Отворен, од 8:00 до 16:00 (Понеделник до Петок)
financialaid@seeu.edu.mk
P: +389 (044) 356 044