Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Додипломски Студии

На барање на студентот до соодветниот факултет се овозможува трансфер од една студиска програма на друга на еден факултет или од еден на друг факултет на Универзитетот.

Можноста за трансфер зависи од блискоста на студиската програма. Деканот на факултетот одлучува за исполнување на условите и за барањата за прием и трансфер.

Со одлуката се утврдуваат:

  • предметите префрлени од претходната студиска програма и нивната еквивалентност на ЕКТС- кредитите на новата студиска програма на која се префрла (вклучувајќи и некомплетирани предмети);
  • година на студирање и предметите кои студентот мора да ги запише на соодветните семестри.

Студентот плаќа целосен износ за предметите (ЕКТС-кредити), за кои се нудат услуги првпат на студиската програма на која се префрла.

За некомплетираните предмети што се префрлени во новата студиска програма се нудат услуги во дополнителните испитни сесии.

Одлуката се процесира во електронскиот систем на Универзитетот (UMS) од соодветниот факултет, додека регистрацијата на предметите во распоредот и плаќањето на школарината се во координација со други релевантни служби.

Студентот има право на трансфер од друга високообразовна институција и може да се запише со статус на редовен или на вонреден студент. Студентот претходно мора да има завршено најмалку еден семестар на друг универзитет.

Максималниот број на ЕКТС-кредити што можат да се добијат од други институции за тригодишната програма е 90 ЕКТС-кредити, додека за четиригодишната програма е 120 ЕКТС-кредити.

Со одлука, факултетот ги утврдува условите за прием и за продолжување на студиите:

  • предметите кои се пренесуваат од другата високообразовна институција и еквивалентните ЕКТС- кредити на студиската програма на која се трансферира;
  • година на студирање и предмети кои студентот треба да ги запише на соодветните семестри.

Со трансферот студентот плаќа целосен износ за сите предмети (ЕКТС-кредити) кои се сервисираат на Универзитетот, според школарината за соодветната програма.

Одлуката ќе биде процесирана во електронскиот систем на Универзитетот од соодветниот факултет, додека регистрацијата на предметите во распоредот и плаќањето на школарината се во координација со другите соодветни служби.


Последипломски Студии

На барање на студентот до соодветниот факултет се овозможува трансфер од една студиска програма на друга на еден факултет или од еден на друг факултет на Универзитетот.

Можноста за трансфер зависи од блискоста на студиската програма. Деканот на факултетот одлучува за исполнување на условите и за барањата за прием и трансфер.

Со Одлуката се утврдуваат:

  • предметите префрлени од претходната студиска програма и нивната еквивалентност на ЕКТС- кредитите на новата студиска програма на која се префрла (вклучувајќи и некомплетирани предмети);
  • година на студирање и предметите кои студентот мора да ги запише на соодветните семестри.

Студентот плаќа целосен износ за предметите (ЕКТС-кредити), за кои за првпат се нудат услуги на студиската програма на која се префрла.

Одлуката се обработува во електронскиот систем на Универзитетот UMS од соодветниот факултет, додека регистрацијата на предметите во распоредот и плаќањето на школарината се во координација со други релевантни служби.

Студентот има право на трансфер од друга високообразовна институција. Студентот претходно мора да има завршено најмалку еден семестар на друг универзитет на вториот циклус на студии.

Максималниот број ЕКТС-кредити што можат да се добијат од други институции за едногодишната програма е 30 ЕКТС-кредити, додека за двегодишната програма е 60 ЕКТС-кредити.

Со одлука од факултетот се утврдуваат условите за прием и за продолжување на студиите:

  • предмети кои се пренесуваат од другата високообразовна институција и еквивалентните ЕКТС- кредити на студиската програма на која се трансферира;
  • година на студирање и предмети кои студентот треба да ги запише во текот на соодветните семестри.

Со префрлање студентот плаќа целосен износ за сите предмети (ЕКТС-кредити) за кои се нудат услуги на Универзитетот, според надоместокот на соодветната програма.

Одлуката ќе се процесира во електронскиот систем на Универзитетот од соодветниот факултет, додека регистрацијата на предметите во распоредот и плаќањето на школарината се во координација со другите релевантни услуги.

Google+