COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Локација и мапа


View Larger Map

View GfK Skopje in a larger map

Кампусот во Тетово

Илинденска бр.335
1200 
Тетово
Tel: +389 44 356 000
Faks: +389 44 356 001

Универзитетот на Југоисточна Европа е сместен на југозападниот дел на градот Тетово во близина на автопатот Тетово – Гостивар.

              Од центарот на Скопје

Со автомобил:

  • Од центарот на градот до ЈИЕУ патувањето трае околу 45-60 минути.

Со автобус:

  • Од автобуската станица во Скопје до станицата во Тетово патувањето трае околу 1 час. Од станицата во Тетово ви се потребни уште 10-15 минути да стигнете до ЈИЕУ, ако го користите јавниот превоз. Билетот чини 120 денари (2 евра).

              Од центарот на Тетово

Пешки:

  • Од центарот на градот до ЈИЕУ ви се потребни 20 минути, а од автобуската станица ви се потребни околу 25 минути.

Со автомобил:

  • Патувањето трае 5-10 минути, зависно од сообраќајот.

Со такси:

  • Од центарот до ЈИЕУ цената е 100 денари (1,75 евра).

Автобус/минибус:

  • Од центарот до ЈИЕУ цената на патувањето е 10 денари ( 0,15 евра).

Кампусот во Скопје

Архиепископ Ангелариј, бр.1
1000 Скопје
Тел: +389 44 356 398
Тел: +389 44 356 397

 

Универзитетот на Југоисточна Европа, кампус - Скопје е сместен во центарот на градот Скопје (Стара чаршија).

Патни правци до УЈИЕ Скопје

 Со автомобил:

  • Од центарот на градот Тетово до  УЈИЕ - Скопје патувањето трае околу 45-60 минути.
  • Од центарот на градот Приштина до  УЈИЕ - Скопје патувањето трае околу 90 минути
  • Од центарот на градот Прешево до УЈИЕ - Скопје патувањето трае околу 40 минути

Со автобус:

  • Од автобуската станица во Тетово до станицата во Скопје патувањето трае околу 1 час. Билетот чини 120 денари (2 евра).
  • Од автобуската станица во Прешево до станицата во Скопје патувањето трае околу 2 часа. Билетот чини 100 денари.
  • Од автобуската станица во Приштина до станицата во Скопје патувањето трае околу 2 часа. Билетот чини 320 денари.

Од станицата во Скопје ви се потребни уште 10-15 минути да стигнете до УЈИЕ -Скопје, ако го користите јавниот превоз.

Пешки:

  • Од автобуската станица во Скопје до УЈИЕ Скопје ви се потребни околу 20 минути, додека од центарот на Скопје ви се потребни помалку од 5 минути.

Со такси:

  • Такси превозот од секој дел на Скопје (цената) започнува од 40 денари.

Google+