Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Канцеларијата за маркетинг и промоција

Канцеларијата за маркетинг и промоција (КМП) е административна единка на Универзитетот, која одговара и прима инструкции директно од Генералниот секретар.

Работата на канцеларијата се остварува преку шест (6) професионални оддели, а тоа се: маркетинг и промоција, односи со јавноста, надворешно и внатрешно информирање, дизајн и мултимедија, веб - страница и  превод и толкување.

Таа е одговорна за управување со надворешниот и внатрешниот профил на Универзитетот, фокусирајќи се на промовирање и одржување на репутацијата, преку електронски и печатени медиуми, портали, социјални мрежи, веб-страница на универзитетот и други форми на комуникација со јавноста.

Преку маркетингот КМП се грижи за имплементација и промоција на универзитетскиот бренд. Насочување на мисијата и стратешките цели, креира широк спектар на материјали за печатење, како што се брошури, летоци, билборди, билтени, видеа и други материјали за маркетинг.

Канцеларијата ја составува и спроведува основната кампања на Универзитетот за  понудата за студии и универзитетскиот профил од потенцијални студенти за сите три циклуси на студии.

КМП организира јавни настани, како што е церемонијата на дипломирање, годишнината на Универзитетот и други големи настани на Универзитетот. Тоа помага да се следат посетите на важни функционери и власти на Универзитетот.


ВОДИЧ ЗА СТИЛ НА ИДЕНТИТЕТ

Водич за стил на идентитет


Шемседин Ибраими
Одговорен за КМП
Тел: +389 44 356 071
и-мејл: shemsedin.ibrahimi@seeu.edu.mk

Google+