Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Структура

Quality Chart

Одборот на Универзитетот го усвојува стратегискиот план чиј важен дел е и обезбедувањето квалитет и има крајна одговорност.

Ректорот на Универзитетот го води процесот за обезбедување квалитет  и одговара на Одборот на Универзитетот.

Комисијата за обезбедување квалитет и менаџирање со квалитетот(КОМК)- Комисијата за обезбедување квалитет и менаџирање со квалитетотсе ја води  Ректорот а членовите се од Ректорскиот извршен тим. Комисијата ја развива и надгледува имплементацијата  на клучните процеси за обезбедување квалитет и менаџирање со квалитетот  и известува до Сенатот и до Одборот.

Извршниот советник за обезбедување квалитет  - ги надгледува и советува за клучните процедури и иницијативи за квалитет и го поддржува развојот на културата за квалитет.

Службеникот за обезбедување квалитет - работи со Извршниот советник со цел да го координира функционирањето на активностите за обезбедување квалитет.

Тимови за обезбедување квалитет– На секој факултет има тимови за обезбедување квалитет и се состојат од членови на факултетот/центарот, советник за студентите, претставници од тековните студенти и надворешни стејкхолдери од областите потврдени од членовите на кадарот на Наставно-научниот совет на факултетот/ центарот. Тие го реализираат планот за обезбедување квалитет  на одделот.

Административниот колегиум се состои од директори и одговорни и  се  распределуваат  редовни состаноци за дискусија на  темите за квалитет за административниот кадар.

Google+