Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Центар за јазици

Јазичниот центар беше основан во 2001  и беше првата независна единица која започна со настава во склоп на Универзитето на Југо-источна Европа. Центарот нуди јазични услуги на сите студенти од различните факултети. Дваесетте добро опремени училници и Библиотеката во Јазичниот Центар се дизајнирани со цел да ги задоволат потребите на студентите, вработените и заедницата, како и за создавање на атмосфера која доведува до учење.

Изучувањето на јазици претставува централен дел од академската кариера на секој студент на ЈИЕУ, како задолжителен и како изборен предмет. Дел од мисијта на Универзитетот е промовирање на мултијазичен пристап кон учењето, истовремено истакнувајќи ја важноста на локалните и меѓународните јазици. Јазичниот Центар има главна улога во постигнувањето на оваа цел. Примарна функција на Центарот е да обезбеди курсеви наведени во наставните планови на петте факултети на ЈИЕУ. Поради потребите и интересот на студентите, Јазичниот Центар е најголемата наставна организација на Универзитетот, вклучувајќи повеќе од три четвртини од вкупниот број на студенти кои ја следат наставата во зададено време.

Библиотека во Јазичниот Центар (LaRC)

Библиотеката во Јазичниот Центар е просторија која предавачите и студентите по странски јазици на ЈИЕУ ја користат како библиотека и обучувачки центар. Таа содржи широка колекција на книги, неколку компјутери, телевизор, видео и ДВД. Во оваа библиотека работаат студенти во текот на целата недела. Предавачите од Јазичниот Центар исто така одржуваат еден дел од нивните консултативни часови во оваа библиотека, така што за тоа време тие се на располагање за индивидуална работа со студентите.

Биро за информации

Бирото за информации е место каде студентите може да добијат информации за прашања поврзани со распоред, училници и регистрирање.

Google+