Одборот на Универзитетот
Членови на Одборот на Универзитетот

Клаус Тохтерман
Клаус Тохтерман дипломираше и докторираше компјутерски науки на Универзитетот Дортмунд (Германија). По добивање на постдокторатот на Универзитетот А & М во Тексас во САД, се преселил во Австрија во 2000 година. Од 2000 до 2010 година бил директор на водечкиот истражувачки институт во Австрија за управување со знаење, Ноу-центар. Во 2006 година беше назначен за редовен професор по компјутерски науки на Технолошкиот универзитет во Грац. Од 2010 година е директор на Информативниот центар за економија (ZBW) во Лајбниц во Киел и во Хамбург, Германија). Тој e редовен професор за инфраструктури за дигитални информации на Катедрата за компјутерски науки на Универзитетот Киел (Албхехт-Килх) (Германија). Под негово раководство ZBW ја доби меѓународната награда ЛИБЕР за иновации во библиотеката во 2011, 2012 и во 2013 година. Во 2014 година ZBW беше награден со „Библиотека на годината во Германија“. Клаус Тотерман повеќепати држел предавања како визитинг професор како гостин во странство, на Универзитетот во Сент Гален (Швајцарија) и на УИТМ во Куала Лумпур (Малезија). Тој е член на бројни национални и меѓународни научни стручни комитети.

Д-р Вели Кречи
Проф. д-р Вели Креци долг период во кариерата пред да се приклучи на
Универзитетот во Југоисточна Европа, тој беше помошник директор на Центарот за
постдипломски студии за јавна политика и управување, проект на Факултетот за јавни и
меѓународни работи Питсбург, во Северна Македонија. .
Д-р Креци беше продекан за постдипломски студии на Факултетот за современи
општествени науки, на Универзитетот во Југоисточна Европа. Тој тековно е директор на
Институтот за истражување „Макс ван дер Штул“ и е вонреден професор во областа на
јавната политика на Универзитетот на Југоисточна Европа. Во 2019 година тој беше
насловен професор на Универзитетот Сиетл, В.А. Сиетл.
Д-р Креци докторирал политички науки на Универзитетот во Југоисточна Европа,
магистрирал на јавни и меѓународни работи на Универзитетот во Питсбург и завршил
додипломски студии по политички науки на Универзитетот во Истанбул. Тој беше научен
соработник на Универзитетот во Питсбург, ГСПИА во 2009 година и постдокторски
соработник на Фулбрајт на Институтот за меѓународни студии во Мидлбери во Монтереј,
2013-2014. Д-р Креци е водечки истражувач и координатор на неколку национални и
меѓународни академски истражувачки проекти.

Д-р Елена Думова Јовановска
Професорката Думова Јовановска е одговорна на Катедрата за теорија на конструкции на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Р. Македонија. Таа е заменик-декан за образование и наука (2001-2007), заменик-ректор за образование (2008-2012), одговорна на Одборот на докторска школа (2009-2012), регионален координатор на Центарот за докторски студии на Југоисточна Европа - SEEFORM (од 2004), надворешен експерт во Агенцијата за евалуација на високото образование во Република Македонија (2003-2004), член на групата за следење на Болоњскиот процес (2004-2005), член на македонскиот тим за промотори на Болоња (2008-2012), член на групата експерти на Институционалната програма за евалуација на ЕУА (2012-2014). Работејќи на горенаведените позиции таа имала можност: да се вклучи во дефинирање и во извршување на образовната и истражувачка политика на факултетот/универзитетот, да учествува во националните тела за имплементација на Болоњскиот процес, да биде вклучена во процесот на воведување европски стандарди во високото образование и во истражувачките дејности на ниво на факултет/универзитет во Македонија, да учествува во процедурата за акредитација на високообразовните студиски програми. Нејзиниот интерес во истражувањето е во областа на структурните анализи и на инженерството на земјотреси.

Неби Хоџа
Роден во Скопје. Тој е магистер по електротехника. Потекнува од семејство кое се
занимава со производство на златен накит, од 1965 година. По дипломирањето, тој
продолжува со развој на семејна работилница за занаети во позната меѓународна
компанија.
Од 2003 година, Неби Хоџа е основач и на Американската школа на Косово. АСК е
школа за образование К-12 акредитирана во Вашингтон.
Од 2006, тој е основач на три фабрики за мебел: „Тефик Чанга“, „Дивани“, „Деко“ и
една компанија за внатрешен дизајн „Тедес Контракт“. Неби Хоџа е и основач на
компанијата „ Рубин инвест“ која се занимава со градежништво. Од 2006, има изградено
десетици високи станбени и деловни згради.Од 2018 година тој е основач на најновиот
иновативен трговски комплекс на Косово, ФРВ (во Урешавац).
Покрај приватниот сектор, тој е активен и во невладиниот сектор како член на
Одборот на Асоцијацијата Еснаф, член на Одборот на директори на Албанската фондација
за стипендии, член на Балканската златарска асоцијација, четири години во Извршниот
Одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија и пет години во својство на
претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Три години е член на
Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Д-р Џон Париш-Спроул
Д-р Џон Париш-Спроул тековно е директор на Глобалниот
здравствен комуникациски центар на Универзитетот за
либерални уметности на Универзитетот во Индијана, како и
професор по комуникациски студии и насловен професор
по студии за жени, пол и сексуалност.
Пред оваа позиција,
тој беше претседател на Одделот за комуникациски студии.
Покрај тоа, тој е член и на Универзитетскиот колеџ и на
Рускиот и Источноевропскиот институт на факултети на Универзитетот во
Индијана.Професор Париш-Спроул е член на иницијативата за соработка за едно
здравство при Националната академија на науката, инженерството и медицината и
е избран за член законодавното собрание на Националното здружение за
комуникација и двапати за претседател на Одделот за применета комуникација.
Наградуван едукатор и консултант, д-р Париш-Спроул е познат по своите
меѓународни истражувања за применета комуникација и консултации за проекти.
Тој има добиено награди од неговите сегашни и минати универзитети, како и од
универзитети во Полска и од неколку други организации. Д-р Париш-Спроул има
презентирано и објавено бројни трудови и статии и поглавја од книги, вклучувајќи
многу во наградувани томови, а има и уредувано книги. Во текот на изминатите
неколку години д-р Париш-Спроул работеше со СЗО во областите на комуникација
со ризик, упатства за одговор при итни случаи на радијација и развој на
комуникациски капацитет поврзани со производство и земање на вакцини против
грип и беше член на експертите на СЗО за Социјални промени и промени во
однесувањето.

Д-р Висар Шеху
Д-р Висар Шеху магистрирал компјутерски науки на Универзитетот во Индијана во Пердју во Индијанаполис и докторирал на Универзитетот на Југоисточна Европа. Тој е член на Факултетот на современи науки и технологии (ФСНТ) на УЈИЕ од 2006 година, тековно работи како вонреден професор. Од 2016 година е координатор за истражување и мобилност на одделот за СНТ. Тој е автор на многу научни написи од својата област и управувал со истражувачки проекти од областа на анализа на податоци и СТЕМ образование. Висар активно е вклучен во воспоставување силна соработка помеѓу стопанството и академијата. Во овој капацитет, тој е основач на две компании за развој на софтвер кои успешно работат меѓународно со канцеларии во Северна Македонија, Косово, САД и во Швајцарија. Висар е назначен за член на Одборот во 2020 година.

Д-р Вероника Карева
Д-р Вероника Карева е професор по системи и методи во високото образование и применетата лингвистика на Факултетот за јазици, култури и комуникација, на Универзитетот во Југоисточна Европа. Таа се приклучи на Универзитетот од неговото основање во 2001 година и многу години предаваше англиски како странски јазик во Центарот за јазици, а и раководеше со него. Таа тековно предава на Факултетот за јазици, култури и комуникации и е извршен советник за обезбедување квалитетот. Д-р Карева е член на Одборот од 2012 година.