COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Факултет за современи науки и технологии

Факултетот за современи науки и технологии претставува центар на квалитетот во современите аспекти на информатичката технологија, како во наставата така и во истражувањата. Ова е постигнато преку воспоставената поддршка на високо ниво од висококвалитетен кадар и од современа инфраструктура.

Факултетот во соработка со други регионални центри и институции во Европа и во Соединетите Американски Држави нуди студиски програми од првиот и од вториот циклус на студии, кои се акредитирани и меѓународно признати, како и заеднички регионални програми од вториот циклус и можности за истражување во третиот циклус на студии.

Факултетот за современи науки и технологии (СНТ) нуди уникатна програма која   ги испорачува ИТ-концептите во друга област на студии, како што се компјутерските науки, инженерството и бизнис информатиката, а нуди и можности за успешна кариера на дипломираните студенти.

Факултетот за современи науки и технологии е фокусиран на примената на најновата информатичка технологија за решавање проблеми од секојдневниот живот. Секоја од нашите студиски програми е интердисциплинарна и се комбинираат предавањата и практичниот дел.

Google+