Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Аплицирај!

Узлови за упис

Уписот на студентите во Универзитетот на Југоисточна Европа се врши врз основа на Конкурсот одобрен од Сенатот на Универзитетот, кој се објавува секоја година на веб - страницата на Универзитетот и во голем број дневни весници.


ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ
Услови и критериуми за запишување

Аплицирајте Онлајн за Додипломски Студии
Додипломски програми

На прв циклус на академски студии може да се запишат кандидати кои ја положиле државната матура или меѓународната матура или кои завршиле четиригодишно средно образование во согласност со прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура и кандидати странски државјани кои имаат завршено соодветно средно образование надвор од Република Северна Македонија.

Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование соодветно на тоа пред 2008 година, имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште.

Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование соодветно на тоа надвор од Република Северна Македонија имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште.

Забелешка: НОСТРИФИКАЦИЈА НА ДИПЛОМАТА

Кандидатите кои завршиле средно образование надвор од Република Северна Македонија, според Законот за високо образование се обврзани да ја нострифицирaат дипломата во Министерството за образование на РСМ во рок од една година за што тие ќе добијат административна поддршка од Студентскиот сервис на УЈИЕ.

Следете го линкот за постапката за нострификација на дипломата: ТУКА!


Кандидатите ќе бидат тестирани за степенот на познавање на англискиот јазик. Ова тeстирање нема елиминаторен карактер, но е потребено за одредување на нивото на познавање на англискиот јазик со цел обезбедување соодветна надградба на истиот. Кандидатите ќе бидат навремено известени за датумите на тестирањето.

За програмите со настава на англиски јазик минималните критериуми се: ниво Б1 (независен корисник) според Европската јазична рамка (ЦЕФР) потврдено со меѓународно признат сертификат или еквивалентен резултат од институционалниот тест по англиски јазик организиран од Јазичниот центар на УЈИЕ. Кандидатите ќе бидат навремено информирани за датумите на тестирањето.

Вреднувањето на успехот од средно образование и државната матура се изразува во поени и тоа 80 % од успехот во четирите години од средното образование и 20 % од државната матура. Врз основа на овие поени ќе се изврши рангирањето на кандидатие.

Кандидатите кои аплицираат во академската 2019/2020 година е потребно да ја достават следнава документација:

  1. Пополнет формулар (преку официјалната веб-страница на Универзитетот : https://apply.seeu.edu.mk/
  2. Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра)

    Детали за уплатата во денари:
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Број на сметка:
    200-0008775390-10
    Детали за уплатата во евра
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Адреса на банка:
    Бул. М.Тито бб, Тетово 1200, Република Северна Македонија
    Број на сметка:
    0009009090
    IBAN:
    MK07200000900909026
    SWIFT
    STOBMK2X
  3. Лична биографија/мотивационо писмо кое би содржело најмалку 500 збора и во кое треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ.
  4. Свидетелства во оригинал или заверени копии на нотар од сите години (ако завршеното средно образование е според моделот 9+3, кандидатите треба да достават и свидетелство за завршено 9-то одделение).
  5. Диплома во оригинал или заверена копија на нотар за завршено средно образование со резултатите од државната матура.
  6. Извод од матична книга на родени.
  7. Фотокопија од лична карта или од пасош.
ЗАБЕЛЕШКА

Кандидатите кои аплицираат за трансфер во УЈИЕ, освен горенаведените документи треба да достават и уверение на положени испити од претходната високо образовна институција.

МАСТЕР СТУДИИ
Услови и критериуми за запишување

Аплицирај Онлајн за Мастер Студии
Мастер програми

Право на запишување на втор циклус на академски студии (постдипломски студии) според моделот 3+2 (четири семестри, 120 ECST) имаат кандидатите кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус (нострифицирана) или соодветна на тригодишни студии (180 ECTS) и четиригодишни студии (240 ECTS).

Право на запишување на втор циклус на академски студии (постдипломски студии) според моделот 4+1 (двосеместрални, 60 ЕCTS) имаат кандидатите кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус (нострифицирана), или соодветна на четиригодишни студии (240 ЕCTS).

Право на запишување на стручни студии (двосеместрални, 60 ЕCTS) имаат кандидатите кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус (нострифицирана) или соодветна на четиригодишни студии (240 ЕCTS).

Предност ќе имаат студентите со просек на оценки од првиот циклус на судии 8.00 или поголем.

Во случај кога кандидатот завршил прв циклус на студии на несоодветна програма - струка во однос на студиската програма на која конкурира, тогаш комисија од соодветниот факултет ќе ги определи условите за дополнителните критериуми потребни за дополнување на предзнаењата за упис во новата студиска програма од вториот циклус.

Забелешка: НОСТРИФИКАЦИЈА НА ДИПЛОМАТА

Кандидатите кои дипломирале надвор од Република Северна Македонија, според Законот за високото образование се обврзани да ја нострифицирaат дипломата (од прв циклус) во Министерството за образование на РМ за што тие ќе добијат административна поддршка од Студентскиот сервис на УЈИЕ. Рокот за доставување на одлуката за нострификација на дипломата е следен: за апликантите во студиските програми 3+2 е една година, за апликантите во студиските програми 4+1 и стручните студиски програми е шест месеци.

Следете го линкот за постапката за нострификација на дипломата: ТУКА!


Сите студиски програми од втор циклус се нудат на албански, на македонски или на англиски јазик. Меѓутоа, без разлика на јазикот на програмата, Универзитетот има право да понуди дел од предавањата или од предметите на англиски јазик, затоа познавањето на албанскиот, македонскиот и на англискиот јазик е потребно, а познавањето на најмалку два од горенаведените јазици на академско ниво е неопходно.

За програмите со настава на англиски јазик минималните критериуми се: ниво Б1 (независен корисник) според Европската јазична рамка (ЦЕФР) потврдено со меѓународно признат сертификат или еквивалентен резултат од институционалниот тест по англиски јазик организиран од Јазичниот центар на УЈИЕ. Кандидатите ќе бидат навремено информирани за датумите на тестирањето.

Кандидати кои аплицираат во академската 2019/2020 година потребно е да ја достават следнава документација:

  1. Пополнет формулар (преку официјалната веб-страница на Универзитетот: https://apply.seeu.edu.mk/?type=sao02
  2. Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра)

    Детали за уплатата во денари:
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Број на сметка:
    200-0008775390-10
    Детали за уплатата во евра
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Адреса на банка:
    Бул. М.Тито бб, Тетово 1200, Република Северна Македонија
    Број на сметка:
    0009009090
    IBAN:
    MK07200000900909026
    SWIFT
    STOBMK2X
  3. Лична биографија/мотивационо писмо кое би содржело најмалку 500 збора и во кое треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ.
  4. Оригинална универзитетска диплома (нострифицирана) и сите оригинални транскрипти (додаток на диплома доколку има) од првиот циклус на студии или нотаризирани копии.
  5. Извод од матична книга на родени.
  6. Фотокопија од лична карта или од пасош.
ЗАБЕЛЕШКА

Кандидатите кои аплицираат за трансфер во УЈИЕ, освен горенаведените документи треба да достават и уверение на положени испити од претходната високо образовна институција.

ДОКТОРСКИ СТУДИИ
Услови и критериуми за запишување

Аплицирај Онлајн за Докторски Студии
Докторски програми

Право на запишување имаат студентите кои за време на студиите од првиот и од вториот циклус постигнале успех со средна оценка 8.00 и повисоко - одделно за секој циклус, имаат добиено 300 ЕCTS кредити и кои се од соодветна област, имаат објавено научни трудови и имаат соодветни познавања на англискиот јазик.

Во случај кога кандидатот го завршил првиот или вториот циклус во област која не е соодветна со областа за која се пријавува за стекнување на научното звање од третиот циклус, тогаш за евентуалните дополнителни услови на прилагодување на претходните познавања за запишување на програмата ќе одлучи комисијата формирана од соодветниот факултет.

Кандидатите кои ги исполнуваат погоре наведените условите, во случај кога бројот на кандидати е поголем од бројот предвиден во Конкурсот, ќе се рангираат според следниве критериуми:

  • 50% од просекот на оценките (според пондерите објавени на правилникот за упис на студенти во академската 2019/2020 година);
  • 10% од издадени научни трудови;
  • 20% од познавање на странски јазик;
  • 20% од интервјуата со кандидатите

Просекот на оценките за кандидатите кои првиот и вторит циклус го завршиле во Универзитети од државава ќе се евалуира според рангирањето од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Универзитетите рангирани на првите пет места ќе добијат 100 % од бодовите додека секој универзитет понатаму ќе биде рангиран со - 5%.

Просекот на оценките за кандидатите кои првиот и вторит циклус го завршиле во Универзитети во земји од регионот ќе се евалуира според следново:
- Државните универзитети ќе добијат 100% од бодовите од успехот;
- Приватните универзитети ќе добијат 80% од бодовите од успехот;

Забелешка: НОСТРИФИКАЦИЈА НА ДИПЛОМАТА

Кандидатите кои дипломирале на универзитети надвор од Република Северна Македонија според Законот за високото образование се обврзани во рок од една година да ја нострифицирaат дипломите од втор циклус на студии во Министерството за образование на РСМ, а за таа цел ќе имаат административна поддршка од Студентскиот сервис на Универзитетот.

Следете го линкот за постапката за нострификација на дипломата: ТУКА!


Приоритет за упис на програмите кои се нудат ќе има познавањето на англискиот јазик.

Сите апликанти ќе го полагаат институционалниот тест по англиски јазик организиран од Јазичниот центар на УЈИЕ. Кандидатите ќе бидат навремено информирани за датумите на тестирањето.

  1. Пополнет формулар (преку официјалната веб-страница на Универзитетот : https://apply.seeu.edu.mk/?type=sao03
  2. Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра)

    Детали за уплатата во денари:
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Број на сметка:
    200-0008775390-10
    Детали за уплатата во евра
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Адреса на банка:
    Бул. М.Тито бб, Тетово 1200, Република Северна Македонија
    Број на сметка:
    0009009090
    IBAN:
    MK07200000900909026
    SWIFT
    STOBMK2X
  3. Лична биографија/мотивационо писмо кое би содржело најмалку 500 збора и во кое треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ.
  4. Барање во кое треба да се наведе областа на студиите во која ќе се истражува дисертацијата и податоци за целите на истражувањето.
  5. Мотивационо писмо.
  6. Потврда за познавање англиски јазик.
  7. Извод од матична книга на родени.
  8. Фотокопија од лична карта или од пасош.
  9. Оригинална диплома или заверена копија на нотар од првиот и од вториот циклус на студии (нострифицирана копија на дипломата надвор од Република Северна Македонија).
  10. Оригинален транскрипт од првиот и од вториот циклус на студии или нотаризирана фотокопија.
  ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ (ДОДИПЛОМСКИ) ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ (МАСТЕР) ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ (ДОКТОРСКИ)
ВРЕМЕСКИ РОК ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Прв уписен рок
Краен рок 6 мај – 14 септември 2019 6 мај - 14 септември 2019  6 мај - 14 септември 2019
Конечни резултати 16 септември 2019 23 септември 2019  
Втор уписен рок
Краен рок 16 – 30 септември 2019 16 септември – 14 октомври 2019 16 – 30 септември 2019 (СНТ)
Конечни резултати 30 септември 2019 18 октомври 2019  
Трет уписен рок
Краен рок 30 септември – 11 октомври 2019 14 октомври – 15 ноември 2019  
Конечни резултати 14 октомври 2019    
УПЛАТА ЗА СЕМЕСТАР И РЕГИСТРАЦИЈА НА СЕМЕСТАР
Уплата за семестар за примени кандидати во првиот уписен рок 19– 27 септември 2019 23 септември - 11 октомври 2019  
Уплата за семестар за примени кандидати во вториот уписен рок 30 септември –  11 октомври 2019 18 - 25 октомври 2019  
ТЕСТ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА НИВОТО НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК
Тест за одредување на нивотот на англиски и македонски јазик (Кампусот во Тетово) 23 сеп. 2019
Време: 11:00 и 13:00
   
Тест за одредување на нивотот на англиски и македонски јазик (Кампусот во Скопје) 24 сеп. 2019
Време: 11:00 и 13:00
   
РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРЕДМЕТИ
Регистрација на предмети 23 септември – 11 октомври 2019 26 септември – 25 октомври 2019  
Пријавување / одјавување часови 23 септември – 11 октомври 2019  26 септември – 25 октомври 2019  
ОРИЕНТАЦИОНА НЕДЕЛА (ДОБРЕДОЈДЕ)
Ориентациона програма (Тетово) 23 септември – 27 септември 2019 10 октомври 2019  
Ориентациона програма (Скопје) 23 септември – 27 септември 2019 10 октомври 2019  
ВРЕМЕНСКИ РОК ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО СТУДЕНТСКИ ДОМ
Пријавување за сместување во студентскиот дом во Кампусот на УЈИЕ во Тетово 2 – 27 септември 2019 26 септември – 25 октомври 2019  

Пријавување на кандидати

Право да се пријавуваат имаат кандидатите кои ги исполнуваат условите и критериумите предвидени со конкурс. Кандидатите треба да ги достават документите наведени во Условите за прием, за секој циклус на студии поединечно, во зградата 802, во Универзитетскиот кампус, или преку пошта на следната адреса:


Универзитет на Југоисточна Европа,
Бул. Илинденска, бр. 335,
1200 Тетово, Северна Македонија

Канцеларијата за упис Подготвеност да ви помогнеме

Ние ве поддржуваме во текот на целиот процес на аплицирање, ве информираме за резултатите и ве известуваме и ви даваме инструкции за почетотокот на академската година


8:00 до 16:00 (од Понеделник до Петок)
admissions@seeu.edu.mk
 
Тетово
Т: +389 44 356 188
T: +389 44 356 091
Скопје
T: +389 44 356 396
T: +389 44 356 397
Google+