Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Канцеларија за упис - Најчесто поставувани прашaња

НПП (Најчесто поставувани прашaња)

Кога е крајниот рок за запишување на УЈИЕ?

Роковите за пријавување, објавувањето на резултатите и за регистрацијата на годината официјално се објавуваат во Конкурсот за запишување на студенти на УЈИЕ и може да се најдат на следниов линк:

https://drive.google.com/file/d/1r8MK48XwVPia-AldNA3vteEApXWS4Cly/view

Како можам да се пријавам за запишување?

За да ја комплетирате апликацијата, следете ги чекориве:
Чекор 1:Пополнете го онлајн-формуларот за апликација!
Чекор 2:Уплатете ја таксата за апликација во износ од 1.500,00 денари на банкарска сметка на УЈИЕ: 200-0008775390-10, депонент: Стопанска банка [за плаќање од странство, 25 евра, деталите за плаќањето се наведени во Конкурсот за запишување на студенти на УЈИЕ ].
Чекор 3:Доставете ги потребните документи до Канцеларијата за упис во Тетово и во Скопје.

Кои се потребните документи за запишување што треба да ги поднесе кандидатот?

Листата на потребните документи за апликација за секој студиски циклус посебно се одредува во Конкурсот за запишување на студенти на УЈИЕ и може да се најде на следниов линк:

https://drive.google.com/file/d/1r8MK48XwVPia-AldNA3vteEApXWS4Cly/view

Какви барања за упис постојат на УЈИЕ?

Барањата за упис и критериумите за соодветните студиски циклуси и студиски програми се утврдени во Конкурсот за запишување на студенти на УЈИЕ.

Како можам да променам студиска програма, кампус или јазик на студирање за време на  периодот на пријавување?

Доколку кандидатот одлучи да смени студиска програма, кампус или јазик на студирање во текот на периодот на пријавување, тој / таа мора да го пополни формуларот за барање за промена во Канцеларијата за упис или да го испрати по електронски пат  на: admissions@seeu.edu.mk

Како ќе бидам информиран за резултатите од апликацијата?

Листата на примени кандидати се објавува на веб-страницата на Универзитетот:https://www.seeu.edu.mk/sq/future-students/student-info
Резултатите од приемот се испраќаат до кандидатите преку и-мејл, каде што дополнително се даваат упатства за процесот на регистрација или за причините за одбивање на апликацијата.

Дали треба повторно да се пријавам ако не сум примен во првиот уписен рок?

Кандидат кој не е примен во првиот уписен рок и сака да биде разгледан за упис во вториот или третиот уписен рок, не треба повторно да го поднесе онлајн-формуларот или да изврши плаќање за апликацијата; но на крај, ќе биде неопходно да се ажурира апликацијата со документите што  ќе ги побара Канцеларијата за упис на УЈИЕ.

Кога треба да ја уплатам школарината за првиот семестар?

Плаќањето за првиот семестар се врши во текот на периодот на запишување. Примените кандидати се известуваат преку и-мејл и преку известувања на веб-страницата на Универзитетот:

https://www.seeu.edu.mk/sq/future-students/student-info

Дали мора да доставам доказ за познавање на англискиот јазик за студиски програми на англиски јазик?

За првиот и вториот циклус на студии
За студиските програми на англиски јазик, минималните критериуми се: Ниво Б1 (Независен корисник) врз основа на Заедничката европска референтна рамка за јазици (Common European Framework of Reference for Languages -CEFR), докажано со меѓународно признат сертификат или еквивалент резултира со институционален тест за владеење на англискиот јазик организиран од Јазичниот центар на ЈИЕУ.

За третиот циклус на студии
Сите кандидати ќе полагаат тест за познавање на англискиот јазик организиран од Јазичниот центар на УЈИЕ.

Дали УЈИЕ обезбедува сместување за студенти од оддалечени области?

УЈИЕ во Кампусот во Тетово поседува 7 студентски домови со сместувачки капацитет за 450 студенти. Објектите  на домовите се поделени на згради за мажи и жени. Безбедноста на студентите е од суштинско значење за овие објекти и за оваа цел  тимовите за обезбедување на Универзитетот се на должност во кампусот.
Можете да аплицирате за сместување во студентските домови на следнава и-мејл адреса: dormitory@seeu.edu.mk

Колку е школарината?

Висината на школарината за секоја студиска програма е определена со  Конкурсот  за аплицирање и запишување на студенти на УЈИЕ:https://drive.google.com/file/d/1r8MK48XwVPia-AldNA3vteEApXWS4Cly/view

Google+