Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Joint Research Centre (JRC) of the European Commission

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платена научна пракса за научни практиканти.
За практикантствата што започнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти во различни тематски области релевантни за организацијата.

Тематските области вклучуваат:
земјоделство и безбедност на храната, здравство, индустрија и вселена, енергија, природни ресурси, мобилност, креативност и инклузивно општество, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, динамика на населението и миграција, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција, како и иновации и раст.

Подетални информации, описи на проекти како и релевантни профили на кандидати се достапни во Анекс I на линкот за апликација:
 https://recruitment.jrc.ec.europa.eu/graduate-trainees

Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC:
Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).

Се охрабруваат сите истражувачи од Северна Македонија кои ги исполнуваат критериумите според повикот, да се пријават на овој отворен повик за платена пракса.

Google+