COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Библиотеката „Макс ван дер Штул“

Библиотеката „Макс ван дер Штул“ е институционална библиотека во служба на научно-истражувачките и образовни цели на Универзитетот на Југоисточна Европа. Централната библиотека е погодно лоцирана во објектот 702 на Кампусот на УЈИЕ во Тетово и е именувана по првиот почесен доктор на Универзитетот, поранешниот висок комисионер на ОБСЕ за национални малцинства, Макс ван дер Штул.

Негова е визијата за основање на Универзитетот кој сега продолжува со работа. Во рамките на УЈИЕ има и ограноци на библиотеката на факултетите и во Кампусот на УЈИЕ во Скопје. Корисниците на библиотеката имаат пристап до колекцијата на библиотеките, мрежните бази на податоци, електронските ресурси и компјутерите со пристап до Интернет и читални кои се прилагодени според барањата и потребите на студентите. Библиотеката „Макс ван дер Штул“ е отворена и за заедницата.

Работно време 
08:00-21:00 Пон-Пет.
10:00-14:00 Саб.

Max van der Stoel - Библиотека
Универзитетот на Југоисточна Европа
Тел: +389 44 356 205
и-меил: library@seeu.edu.mk
Веб-страна: https://library.seeu.edu.mk/

Google+