Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Канцеларија за финансиска помош

            Канцеларијата за финансиска помош управува со сите финансиските пакети наменети за студентите на Универзитетот на ЈИЕ добиени преку донатори и од сопствени средства на Универзитетот.
            Како финансиски пакети на нашите студенти им се достапни:

-финансиска помош и стипендии,
-програмата „Работи и студирај“ и
-финансиско олеснување за вториот и за третиот студент од истото семејство.

Финансиска помош и стипендии

            Стипендиите претставуваат еден вид финансиска поддршка за студентите кои студираат на ЈИЕУ. Донаторите, компаниите, индивидуите, спонзорите и самиот Универзитет обезбедуваат грантови кои посебно се наменети за распределување на студентите во форма на школарина и како други финансиски олеснувања.

            Критериумите и деталите за секоја шема на стипендиите се даваат во соодветниот формулар за апликација и се доделуваат врз база на финансиската состојба на семејството на студентот (Need Based Scholarship) или по заслуга (Merit Based Scholarships).

Програмата „Работи и студирај“

            Како дел од пакетот за финансиска помош на студентите Универзитетот им овозможува вработување преку програмата „Работи и студирај“, според следниве услови:

- Платата на студентот не смее да ја надмине цената за плаќање на студиите.

- На ангажираните студенти им се овозможува да работат максимум 15 часа неделно;

- Изборот на студентите се врши врз основа на способностите и на покажаниот успех.

- Право да аплицираат за програмата „Работи и студирај“ имаат сите студенти, но предност им се дава на студентите кои докажуваат дека имаат финансиски потешкотии.

- Студентите не можат да бидат ангажирани на оваа програма последователно две години.

- Студентите кои користат стипендии немаат право да бидат ангажирани и за програмата „Работи и студирај“ во истата академска година.

Финансиско олеснување за вториот и за третиот студент од истото семејство

            Посебен елемент од пакетот за финансиска поддршка на студентите е и можноста за финансиско олеснување за вториот и за третиот студент од истото семејство:

* финансиско олеснување за вториот студент за 15% од школарина
* финансиско олеснување за третиот студент за 25% од школарината


            Дополнителни информации можат да се добијат во Канцеларијата за финансиска помош.

 

Google+