Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Програма Еразмус

Програма Еразмус е двигател на модернизацијата на високото образование во Европа и го инспирираше воспоставувањето на Болоњскиот процес, и има за цел да придонесе за развој на Европа како напредно општество на знаење со одржлив развој, оголема општествена кохезија и подобри работни места за своите граѓани. Со цел постигнување на овие цели, програмата поттикнува размена, соработка и студентска мобилност на подрачјето на Европа. Академската мобилност им овозможува на студентите размена на образовно искуство во поинаква академска, културна и општествена средина. Како резултат на тоа, студентите кои оствариле студентска мобилност ги зголемуваат своите можности за вработување, се зголемува општествената свест кај поединците, како и нивото на толеранција и свесност за потребата од борба против сите облици на дискриминација.

Google+