Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Правен факултет

Нашите програми во сите циклуси на студии нудат голем број правни дисциплини и дисциплини по криминалистика со цел постојано унапредување на професионалното образование по право, во согласност со највисоките стандарди за квалитет, обезбедувајќи голем придонес кон натамошниот развој на правниот систем, правната наука и правната професија во   земјава и пошироко.

Нашите програми се создадени во согласност со Болоњскиот процес и европското искуство преку целосна имплементација на Европскиот кредит трансфер систем, овозможување на мобилност на студенти во земјава и во странство, со што се потврдува признавањето на дипломата од европските земји кои се вклучени во Болоњскиот процес.  

Нашите програми исто така го стимулираат критичкото размислување, со цел нашите студенти да бидат слободни и почитувани личности во професионален аспект во нашава земја, во регионов и во Европската Унија.

Факултетот веќе традиционално, во април организира студиски посети со студентите од VI   семестар на правни факултети и важни институции во Европа, како   и на: Меѓународниот суд во Хаг, Европскиот парламент, Европската комисија, Правниот факултет во Болоња, Правниот факултет во Љубљана, Белгискиот парламент, Европскиот суд за човекови права во Стразбур итн.

Google+