Докторска школа во УЈИЕ
Докторските студии се студии од третиот циклус на високо образование кои се организирани во согласност со правилниците на студии и во согласност со Европскиот кредитен трансфер систем (ЕКТС).
Третиот циклус на студии трае најмалку шест месеци, а се добиваат 180 кредити (ЕКТС). Потребните активности во рамките на студиската програма вклучуваат: академска обука со напредни и професионални предмети; предлог за докторска-теза; минимално една недела меѓународна мобилност, јавни презентации за напредокот на докторската дисертација; две публикации во меѓународни научни списанија и учество на меѓународни конференции, кои се однесуваат на докторската работа на кандидатот и јавна одбрана на докторската дисертација.
Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) обезбедува најдобри услови за учење и за истражување во релевантните научни области. Средината за студирање на УЈИЕ е многу колегијална и во таа средина ќе наидете на голема поддршка.
Докторските студии значително се разликуваат од претходните два циклуса на високо образование (прв и втор циклус) каде што акцентот е повеќе врз учењето отколку врз истражувањето. Истражувањето на докторските студии е долг, интензивен и честопати тежок процес кој се реализира во соработка со менторот од научната област. Студентите на докторски студии стекнуваат знаења и компетенции за научната и за истражувачка методологија, способности кои потоа ги демонстрираат во рамките на докторската теза. Докторската дисертација треба да биде важен оригинален научен придонес.
Докторатот не е важен само за развојот на академската кариера, туку и за растечките потреби на пазарот на трудот(економија, стопанство, јавен сектор, граѓанско општество итн.), за развој на експерти кои ќе придонесат за нови сознанија, нови производи и нови методи.