Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

За Универзитетот

Универзитетот на Југоисточна Европа е приватна, јавна непрофитна високообразовна институција која се состои од факултети , центри и институти специјализирани во социо-економските науки.

Факултетите  се организирани  единки  во рамките на факултетот  и истите функционираат преку советот на факултетот и универзитетската политичка рамка одобрена од Одборот на Универзитетот  или Извршниот комитет. Универзитетот на Југоисточна Европа се состои од пет факултети: Факултет за современи науки и технологии, Факултет за јазици, култури и комуникација, Правен факултет, Факултет на современи општествени науки   и Факултет за бизнис и економија.
 
Мисијата  на Универзитетот е дефинирана со Статутот , се придржаува кон залагањето за достигнување извонредна наставна и наставно-истражувачка работа  во  системот на високо образование во Република  Северна Македонија, преку понуда на еднакви можности за сите, базиран на праведност и заслуга. Активна соработка со другите универзитети, како во Република Северна Македонија така и со меѓунродни универзитети што е еден од клучните елементи на мисијата на Универзитетот.    
 
Главната цел според која Универзитетот се раководи и менаџира е да придонесе за високото образование  на албански јазик, преку взаемно меѓуетничко разбирање и да обезбеди повеќејзичен и мултикултурен пристап  во наставата и во истражувањето преку развивање студиски програми  во согласност со Европските и меѓународните стандарди .  
 
Управувачки тела  на универзитетот се Одборот на Универзитетот, Ректор, Сенатот и Ректорска управа.
 
Универзитетот на Југоисточна Европа е рангиран на трето место на државно ниво меѓу 19 универзитети  во Република Северна Македонија. Ова рангирање го реализираа надворешни евалватори од Универзитетот Џио Тонг во Шангај. 
 
Google+