Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Центар за е-учење – обука и образование за ИТ

Појавата на информатички технологии влијаеше врз новиот начин на предавање и учење. Поради овој тренд членовите на факултетот треба да ги имаат потребните вештини за справување со овие нови текови и да ги искористат придобивките што ИТ ги обезбедува за предавањето и учењето.

Во оваа насока, центарот за е-учење помага на универзитетската заедница во искористување на потенцијалот на технологијата за подобрување на предавањето и учењето. Така, како основна цел на Центарот за е-учење е да се промовира квалитетно самостојно образование насочено кон студентите, преку развој и испорака на квалитетно комбинирано учење и предмети засновани на веб, кои можат да се испорачуваат он-лајн.

Покрај тоа, Центарот за е-учење обезбедува помош во подобрување на ефективноста на наставата и учењето преку поддршка на кадарот за развој на интерактивен дополнителен материјал за традиционалните предмети, како и организирање работилници за обука со цел вработените да можат да развиваат и да испорачуваат онлајн-материјал за своите предмети.

Центарот за е-учење се стреми да биде меѓу лидерите за е-учење на балканскиот регион и се стреми за ефикасно искористување на веб-базирана едукација за подобрување на наставата и учењето. Мисијата на Центарот за е-учење е да ги подготви и да даде поддршка на предавачите да ги имаат потребните вештини за е-учење за да обезбедат извонредни искуства во наставата. Затоа, Центарот ги презеде следниве цели како средства за остварување на својата мисија:

  1. Зголемување на свеста на заедницата на УЈИЕ за потенцијалот на е-учење за подобрување на наставата и учењето;
  2. Обезбедување обука и давање поддршка во согласност со најдобрите ИТ-практики при најновите случувања во е-учење, практики и квалитетно учење преку Интернет;
  3. Обезбедување услуги за квалитет на образованието и за ефикасност во активности за е-учење;
  4. Промовирање развој и испорака на квалитетни содржини на Интернет.

Центарот за е-учење обезбедува голем број услуги на универзитетската заедница за да ги постигне своите цели, како што се:

Општи и прилагодени работилници

Центарот за е-учење редовно организира работилници за различни теми поврзани со информатичките технологии и со е-учењето. Програмите за прилагодена обука честопати се спроведуваат за факултетите на УЈИЕ за да им се овозможи да креираат ефективни упатства и содржини на Интернет. Овие програми за обука опфаќаат широк спектар на теми, почнувајќи од дизајнирање онлајн-предметите, каде што учесниците се запознаваат со различни концепти и алатки кои помагаат при дизајнирање и развој на интернет-содржини за предметите. Покрај тоа, Центарот обезбедува обука за апликациите на Гугл, како што е Гугл-училница (Google Classroom) за да им овозможи на членовите на факултетот да ги објавуваат своите предмети онлајн.

Користење софтвер и ресурси

Центарот за е-учење го поддржува кадарот да користи Гугл-училница за да обезбеди активности за учење, кои вклучуваат креирање содржина за предметот, предавања за предметот, комуникација и алатки за процена. Покрај тоа, центарот за е-учење им помага на сите членови на факултетите во развојот на квалитетни наставни материјали за подобрување на искуството за учење на студентите.

Поддршка за програми и од дистанца

Центарот за е-учење ги поддржа Факултетот за бизнис и економија (БЕ) Факултетот за компјутерски науки и технологии (КНТ), Факултетот за јазици, култури и комуникација (ЈКК) да понудат онлајн програми во првиот и во вториот циклус и очекува во иднина и понатаму поддршка за маркетинг-понуда за програми од дистанца и онлајн програми.

Центарот за е-учење се наоѓа во Универзитетскиот кампус, објект 701 и е отворен во текот на целата недела од 08:00 до 16:00 часот.

Google+