Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Евалуација на квалитет

Национална евалуација

  • Одборот за акредитација и Агенцијата за евалуација.

Во согласност со Законот за високо образование квалитетот го надгледува Одборот за акредитација и Агенцијата за евалуација.

Одборот за акредитација и евалуација е независно тело. Негови должности се да потврдат дека критериумите за воспоставување високообразовна институција се исполнети и дека барањата за организирање студии за сите три циклуси се исполнети. Одборот ги анализира, одобрува и потврдува новите студиски програми во рамките на рамката за овластување базирана на принципите за професионализам и одговорност. Исто така може и да ја повлече акредитацијата. Ова тело исто така има одговорност да го надгледува и евалвира квалитетот на активностите за високо образование во институциите кои се акредитирани и авторизирани.

Други релевантни активности и механизми преку кои се развива и одржува квалитетот на високото образование се базирани на законот и на актите од телата кои ја вршат евалуацијата.

Сите студиски програми на Универзитетот на Југоисточна Европа се развиваат и се ревидираат во согласност со правилата на Универзитетот и се акредитираат од Одборот за акредитација и евалуација.

  • Инспекција од министерсвото

Инспекцијата од министерството е редовна пракса која придонесува за постојано подобрување и достигнување високи стандарди за обезбедување квалитет во однос на усогласеност со барањата одрeдени со закон. Министерството ги изведува овие инспекции на годишно ниво , вообичаено на почетокот на академската година за да се осигури дека универзитетите функционираат во согласност со Законот за високо образование и другите владини политики и одредби.

Вообичаените проверки и испитувања од инспекцијата од министерството се фокусираат на неколку аспекти:

  • проверка на оперативната документација на институцијата во однос на тоа дали постојат дозволи од министерството и од судот;
  • проверка на акредитираните студиски програми и усогласување со Одлуките од Министерството за функционирање на овие програми;
  • испитувања на академскиот кадар кој е ангажиран за студиските програми за да се осигури дека Универзитетот функционира во согласност со Законот и со другите одредби;
  • бројот на студенти запишани во соодветната академска година и дали овие бројки се согласуваат - не го надминуваат бројот на студенти објавен во официјалниот конкурс за упис на нови студенти.

По овие посети инспекцијата вообичаено составува извештај каде се наведени работите каде што треба да има подобрувања или каде треба да се преземат соодветни чекори. До сега овие инспекции кои ги изведуваше министерсвото беа од голема важност за подобрување на севкупната работа на Универзитетот во согласност со правната рамка во Република Македонија.

  • Рангирањето на високообразовните институции во Република Македонија-ShanghaiRanking

Рангирањето на високообразовните институции во Република Македонија е направено по барање на Министерството за образование и наука,ова беше иницирана од 2011 година. Во рангирањето се вклучени 20 високообразовни институции. При тоа, користени околу21 индикатори за академските перформанси и конкурентноста, а кои се однесуваат на клучните аспекти од работењето на овие високообразовни институции, како што се наставата, истражувањето и социјалната димензија. Се очекува дека ова рангирање ќе придонесе за зголемена транспарентност, ефикасност и квалитет на високообразовните институции во Република Македонија.

Меѓународна евалуација

  • Евалуација од АЕУ

Во 1993, по двете конференции на тема Квалитет и евалуација, организирани од Асоцијација на Европските Универзитети (АЕУ), тие решија на членовите на Универзитетот кој сега ја надминува бројката од 800 да понудат можност за евалуација за да се оценат нивните јаки и слаби страни во областа на институционално обезбедување квалитет. Евалвациите од АЕУ се алатка за да се помогне на лидерите на Универзитетот во нивните напори да го подобрат менаџментот и да го промовираат капацитетот на универзитетот за промена. Основата на евалуацијата е само-евалуацијата на Универзитетот која дозволува на кадарот ан Универзитетот како тим да ги разбере институционалните јаки и слаби страни.

АЕУ очекува зголемениот број на институционални евалвации да придонесе за промоција на културата на квалитетот меѓу своите членови и за ширење примери на ефективен стратегиски менаџмент меѓу европските универзитети. Програмата за институционална евалуација на асоцијацијата на европските универзитети започна пред 16 години и евалвираше 250 високообразовни институции во 39 држави.Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) е третиот во Македонија кој побара од АЕУ да биде евалвиран. Универзитетот беше евалвиран од Институционалната програма за евалуација во летото и есента 2004 година и извештајот за евалуацијата беше издаден во февруари 2005. Следната евалуација беше во мај 2009 година. Извештаите од двете надворешни евалвации имаа позитивни повратни резулатати и поддршка која универзитетот активно ја користи во развојот на квалитетни програми и системи

  • Систем за обезбедување квалитет

Универзитетот на Југоисточна Европа разви систем за обезбедување квалитет (СОК) во согласност со ISO 9001:2008, кој е успешно сертифициран во последниве три години.

ISO 9001:2008 е стандард за системот за обезбедување квалитет без разлика што работи институцијата, колкава е големината на институцијата и дали е приватна или јавна. Тоа е единствениот стандард во фамилијата ИСО за кој можат да се сертифицираат организациите , иако сертифицирањето не е задолжително барање на стандардот.

СОК на Универзитетот се ревидира на годишно ниво , внатрешно преку тимот за ревизија и надворешно од независно тело за сертифицирање на системот за квалитет. Со оваа надворешна ревизија се потврдува дека ние ефективно менаџираме со процесот и дека имаме ефективна контрола врз нашите активности.

ИСО (Меѓународната организација за стандардизација - International Organization for Standardization) е светски најголемиот развивач и издавач на меѓународни стандарди и има мрежа од 161 држава, со по еден член од државата, и Генерален секретаријат во Женева, Швајцарија, кој го координира системот. Тоа е невладина организација која формира мост меѓу јавниот и приватниот сектор.

ИСО овозможува да се достигне консензус за решенијата кои ги исполнуваат барањата на деловниот сектор и пошироките потреби на општеството и овозможи на Универзитетот да го зајакне ефикасното функционирање преку постојано подобрување, евалвација и промоција на целосната култура за квалитет.

  • Шампион за квалитет

„Шампион за квалитет“– два пати во годината, Шампионот за квалитет ги ревидира процесите и развоите за обезбедување квалитет во секој факултет/центар/оддел во соработка со Комисијата за обезбедување квалитет и менаџирање со квалитетот и Тимовите за обезбедување квалитет. Дополнително тој дава препораки за идните развои за квалитет. Шампионот за квалитет исто така помага да се зголеми свесноста за процесите за менаџирање со квалитетот на сите нивоа на институцијата. „Шампионот за квалитет“ директно ја известува Комисијата за обезбедување квалитет и менаџирање со квалитетот и Извршниот тим за системите за менаџирање со квалитетот и областите за подобрување и развој.

  • Опсервација на учењето и наставата

Еден од најзначајните фактори преку кој се осигуруваме дека постојано се подобруваме и развиваме е квалитетот на наставата која ја испорачуваме на студентите. На универзитетот има многу добра настава и учење. Ние се стремиме да осигуриме дека ја споделуваме добрата пракса и го поддржуваме кадарот во развојот на вештините и на методологијата. На Универзитетот му требаат и податоци на институционално ниво за да го измери и да го подобри ова.

Поради тоа Универзитетот има годишна шема за опсервација за да:

  • ги поддржи стратегиските цели на универзитетот за постојано подобрување и развој на учењето и наставата
  • обезбеди доказ за обезбедување квалитет на ниво на факултет и на универзитет
  • осигури дека искуството за учење на студентите е од највисок квалитет на секој факултет
  • признае добрата пракса и да овозможи поделба на добра пракса на секој факултет и на универзитетот
  • поддржи постојан, индивидуален развој на кадарот
  • информира задругите релевантни процеси особено процесот за годишна само-евалуација и распределба на бонус за кадарот
  • осигури дека учењето и наставата се инклузивни и ја рефлектираат заложбата на универзитетот за еднакви можности

Секој член од академскиот кадар го опсервираат обучени опсерватори од факултетот или од централниот тим. Тие добиваат совет пред часот и лични повратни резултати со писмен извештај по опсервираниот час. Резимираните извештаи се испраќаат два пати годишно до кадарот и до студентите. Дополнително се обезбедуваат посебни извештаи и можности за обука за секој факултет/центар.

  • Евалуација од студентите

Со цел на студентите да им се даде можност за евалуација на академскиот кадар, предметите и ефективноста на административните услуги и капацитети, студентите на УЈИЕ пополнуваат годишна анкета за евалуација. Анкетата се спроведува анонимно и доверливо со цел да добиеме чесни и конструктивни коментари кои ќе ни помогнат да се подобриме.

Резултатите од анкетата се даваат на секој член од академскиот кадар и на административниот оддел, а резимеата се достапни на ниво на Факултет/Центар и на Одборот на Универзитетот на годишно ниво и истите се вметнуваат во акционите планови на одделите. Исто така има и процедура за жалби од студентите која може да се користи за областите за подобрување.

  • Евалуација на кадарот

Универзитетот признава дека кадарот е клучен ресурс и цели кон признавање на достигнувањата, да го поддржи постојаниот развој и да ја менаџира индивидуалната и севкупната изведба. Така има годишен процес за евалуација на академскиот и на административниот кадар со кој се исполнуваат овие цели и се даваат информации за процесот за обновување на договорот и за унапредувањето. Процедурата употребува и други механизми за евалуација и доказ на пример податоци за успешност, опсервација на наставата и евалуација од студентите.Тоа исто така се поврзува и со другите политики како што се дисциплинската политика. Исто така, дел од евалуацијата е и оценката за почитување на универзитетските политики и процедури. Критериумите се поставени во Стратегија за човечки ресурси и завршувањето на оваа евалуација е задолжително.

Процесот е дизајниран за активно користење од одговорните на факултетот, центарот и лидерите на одделот во дискутирањето на изведбата со кадарот, поддршката на нови цели и идентификација на професионален развој.

Покрај тоа, Политиката за плата и други надоместоци обезбедува можност за финансиска награда според усогласените критериуми за висока индивидуална изведба. На крајот има шема за годишна награда со парична награда за најдобриот проект за придонес во наставата и учењето.

  • Внатрешна ревизија на системот за обезбедување квалитет

Универзитетот врз основа на ISO 9001:2008, точка 8.2.2, изведува годишна внатрешна ревизија за да одреди дали квалитетот на системот за обезбедување квалитет (СОК) е:

  1. Во согласност со планираните , барањата од (види 7.1) од ISO 9001:2008 и барањата од СОК воспоставени на Универзитетот, и
  2. Ефективно имплементиран и одржуван

Се воспоставува процедура во која се дефинирани одговорностите и барањата за планираните и изведените ревизии , воспоставувањето податоци и резултати за извештаи. Доколку се воочат недоследности Директорите/Одговорните од соодветната ревидирана област ќе преземат активности за нивно подобрување за што ќе известат на состаноците на Тимот за квалитет со предавање на извештаите за напредок до менаџерот за квалитет.

  • Внатрешната ревизија

Внатрешната ревизија на ЈИЕУ е независна, објективна и советодавна активност и има за цел да ги подобри функциите на организацијата. Исто така има за цел да помогне на Универзитетот за да ги достигне целите преку систематски, дисциплиниран пристап за да ја евалуира и подобри ефективноста на управувањето со ризикот, процесите за контрола и управување.

Со внатрешната ревизија се обезбедува мислења преку осигурување дека средствата на Универзитетот се чуваат и дека функциите се извршуваат ефективно, ефикасно и економично во согласност со Универзитетските политики, одредби и закони и извештаите се достапни и точни.

Процесот на ревизија е сличен со повеќето ангажирања и вообичаено се состои од следниве фази: планирање, работа на терен и известување.

  1. Планирање - Внатрешната ревизија подготвува годишен распоред за ревизија во кој се наведени областите за активност за следената година. Годишниот внатрешен план за ревизија се одобрува од Комитетот на Универзитетот за ревизија и за управување со ризик. Внатрешниот ревизор вообичаено контактира со одделот кој ќе биде ревидиран седум дена пред закажаниот датум за почеток на ревизијата. Внатрешниот ревизор вообичаено се сретнува со одделот кој ќе биде ревидиран седум дена пред почетокот на ревизијата. Се закажува и состанок со цел да се добијат информации за областа која ќе се ревидира и да се дискутира обемот и времето на планираната ревизија. Ова исто така претставува можност за да се обезбеди придонес за ревизијата, особено доколку има идентификувано и области од посебен интерес.
  2. Работа на терен - Работата на терен се концентрира на формалната комуникација. Во текот на оваа фаза ревизорот одредува дали соодветно функционираат контролите кои се идентификувани во текот на прелиминарната ревизија и се во согласност со начинот одреден од одделот. Ревизијата вообичаено вклучува дискусии со клучниот кадар и ревидирање на документацијата со цел да се разберат системите и процесите. Работата на терен вообичаено се закажува за да се вклопи колку што е можно со одделот кој е ревидиран но и да му се дозволи на ревизорот да ја заврши работата. Ревизорот е отворено дискутира со кадарот од одделите за работите кои се идентификувани во текот на извршувањето на работата. Овој аспект од ревизијата е важен затоа што менаџерите можат да понудат увид во работата со ревизорот за да ги одредат најдобрите начини за разрешување на проблемите кои можат да произлезат.
  3. Известување - По работата на терен предлог се подготвува извештајот и резимето на препораки и истото се доставува до ревидираниот оддел. Ревизорот ќе се сретне со одговорните на одделите за да ги дискутира резултатите и сродните препораки. Овој состанок претставува можност за да се објаснат прашањата кои произлегуваат од ревизијата и да се разгледаат сите нерешени прашања. Состанокот исто така помага за да се осигури дека се решени сите можни недоразбирања. Доколку се усогласат промени на предлог - извештајот во текот на состанокот истите ќе бидат внесени во крајниот извештај. Од ревидираниот оддел исто така ќе се побара да обезбеди писмен извештај за препораките.

Овие одговори формално ќе се забележат во резимето на препораки. Крајниот извештај се подготвува и се доставува во ревидираниот оддел, ректорот и Комитетот за ревизија и управување со ризик.

Google+