Предмети
ПРЕДМЕТИ
Англиски јазик за основни вештини (BSE)
Англиски јазик за основни вештини е најголемата наставна програма на Центарот. Предавањата се поделени во седум нивоа (почнувајќи од нулто ниво- апсолутен почетник до шесто- напредно ниво). Наставата се одвива од два до осум часа неделно, при што ниските нивоа имаат најголем број на часови. Секое ниво трае еден цел семестар. Наставата е дизајнирана според критериумите на Општата Европска Рамка (CEF), да ги обучи студентите со познавање на англискиот јазик од А1 до С1 ниво. Секој факултет го одредува бројот на основни нивоа кои секој студент треба да ги заврши пред дипломирање или пак пред да започне со следење на курсевите по Англиски за специфични цели.
Англиски јазик за специфични цели (ESP)
Студентите на сите факултети на ЈИЕУ (освен на студентите од катедрата за англиски јазик и книжевност) треба да следат курсеви за англиски јазик специјализирани за нивното поле на студирање. Студентите вообичаено започнуваат со следење на овие курсеви на почетокот на третиот семестар. Јазичниот Центар ги обезбедува наставните планови, потребните материјали и предавачите за овие курсеви.
Албански и македонски јазик
Албанскиот и македонскиот јазик се задолжителни предмети во првите два семестри за родените говорители на соодветно, македонски и албански јазик. Изучувањето на овие два јазика придонесува кон севкупната цел на поддржување на меѓукултуролошко разбирање. Исто така истото е и во склад со мулти-јазичниот и мултинационалниот контекст на самиот Универзитет.
Изборни странски јазици
Покрај англискиот јазик, Јазичниот Центар нуди настава по три други странски јазици: француски, германски и италијански. Студентите од сите факултети на ЈИЕУ имаат можност да изберат еден странски јазик како изборен предмет. Предавањата, како специјализирано изучување на јазикот се организирани од почетно до напредно ниво.
Курсеви по англиски јазик за вработените во ЈИЕУ
Јазичниот Центар обезбедува редовни бесплатни часови по англиски јазик за вработените на ЈИЕУ. Организирани се три нивоа (почетно, средно и напредно ниво). Наставата се одржува по два часа неделно. Во зависност од потребите Центарот исто така нуди и часови по другите странски јазици: француски, германски и италијански.
Јазични курсеви за пошироката јавност
Почнувајќи од летото 2007, Јазичниот Центар започна да нуди јазични курсеви за пошироката јавност. Овие курсеви се по англиски јазик, а во зависност од барањата и на другите јазици. Во моментот Јазичниот Центар нуди две пилот програми во комбиниран формат: во Јазичниот Центар и електронски: подготовка за ТОЕФЛ и Деловен Англиски.
Поддршка за студентите запишани на Магистерската програма за предавање англиски јазик
Во соработка со Факултетот за јазици, култура и комуникација, Јазичниот Центар нуди поддршка на Магистерската програма за предавање англиски јазик.
Програма за вонредни студии
Сите курсеви од Јазичниот Центар кои се нудат на редовните студенти, исто така можат да се посетуваат и преку програмата за вонредни студии.