Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Надворешна евалуација

Национална евалуација


  • Агенција за квалитет во високото образование

Агенцијата за квалитет во високото образование е независно професионално тело со седиште во Скопје.

Тела во Агенцијата за квалитет се:

  • Одбор за акредитација на високото образование,
  • Одбор за евалуација на високото образование, и
  • Директор на агенцијата за квалитет во високото образование.

Составот, организацијата и начинот на работа на професионалната служба Агенција за квалитет се уредува со одредба одобрена од директорот на Агенцијата за квалитет.

Одборот за акредитација е независно тело. Негови должности се да потврдат дека критериумите за воспоставување високообразовна институција се исполнети и дека барањата за организирање студии за сите три циклуси се исполнети. Одборот ги анализира, одобрува и потврдува новите студиски програми во рамките на рамката за овластување базирана на принципите за професионализам и одговорност. Исто така може и да ја повлече акредитацијата. Ова тело исто така има одговорност да го надгледува и евалвира квалитетот на активностите за високо образование во институциите кои се акредитирани и авторизирани.

Сите студиски програми на Универзитетот на Југоисточна Европа се развиваат и се ревидираат во согласност со правилата на Универзитетот и се акредитираат од Одборот за акредитација.

Други релевантни активности и механизми преку кои се развива и одржува квалитетот на високото образование се базирани на законот и на актите од телата кои ја вршат евалуацијата како што е Одборот за евалуација на високото образование.

Евалуацијата на високообразовните институции се врши преку:

  1. Надворешна евалуација и
  2. Само-евалуација.
  • Инспекција од министерсвото

Инспекцијата од министерството е редовна пракса која придонесува за постојано подобрување и достигнување високи стандарди за обезбедување квалитет во однос на усогласеност со барањата одрeдени со закон. Министерството ги изведува овие инспекции на годишно ниво , вообичаено на почетокот на академската година за да се осигури дека универзитетите функционираат во согласност со Законот за високо образование и другите владини политики и одредби.

Вообичаените проверки и испитувања од инспекцијата од министерството се фокусираат на неколку аспекти:

  • проверка на оперативната документација на институцијата во однос на тоа дали постојат дозволи од министерството и од судот;
  • проверка на акредитираните студиски програми и усогласување со Одлуките од Министерството за функционирање на овие програми;
  • испитувања на академскиот кадар кој е ангажиран за студиските програми за да се осигури дека Универзитетот функционира во согласност со Законот и со другите одредби;
  • бројот на студенти запишани во соодветната академска година и дали овие бројки се согласуваат - не го надминуваат бројот на студенти објавен во официјалниот конкурс за упис на нови студенти.

По овие посети инспекцијата вообичаено составува извештај каде се наведени работите каде што треба да има подобрувања или каде треба да се преземат соодветни чекори. До сега овие инспекции кои ги изведуваше министерсвото беа од голема важност за подобрување на севкупната работа на Универзитетот во согласност со правната рамка во Република Северна Македонија.

  • Рангирањето на високообразовните институции во Република Северна Македонија

Рангирањето на високообразовните институции во Република Македонија е направено по барање на Министерството за образование и наука, ова беше иницирано од 2011 година. За развој и подобрување на квалитетот на високото образование на секои три години, мора да се рангираат сите универзитети заведени во Регистарот на високообразовните институции.

Критериумите и рангирањето на универзитетите се утврдуваат со посебен акт што го утврдува министерот за образование. Ова рангирање се прави со цел да се зголеми транспарентноста, ефикасноста и квалитетот на високообразовните институции во Република Северна Македонија.

Меѓународна евалуација


  • Евалуација од АЕУ

IEP Evaluation University Report 2017/2018

IEP Evaluation University Report 2008/2009

IEP Evaluation University Report 2004/2005

Во 1993, по двете конференции на тема Квалитет и евалуација, организирани од Асоцијација на Европските Универзитети (АЕУ), тие решија на членовите на Универзитетот кој сега ја надминува бројката од 800 да понудат можност за евалуација за да се оценат нивните јаки и слаби страни во областа на институционално обезбедување квалитет. Евалвациите од АЕУ се алатка за да се помогне на лидерите на Универзитетот во нивните напори да го подобрат менаџментот и да го промовираат капацитетот на универзитетот за промена. Основата на евалуацијата е само-евалуацијата на Универзитетот која дозволува на кадарот ан Универзитетот како тим да ги разбере институционалните јаки и слаби страни.

АЕУ очекува зголемениот број на институционални евалвации да придонесе за промоција на културата на квалитетот меѓу своите членови и за ширење примери на ефективен стратегиски менаџмент меѓу европските универзитети. Програмата за институционална евалуација на асоцијацијата на европските универзитети започна пред 16 години и евалвираше 250 високообразовни институции во 39 држави.Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) е третиот во Македонија кој побара од АЕУ да биде евалвиран. Универзитетот континуирано се евалуира од Институционалната програма за евалуација и извештајот за евалуацијата имаа позитивни повратни резулатати и поддршка која универзитетот активно ја користи во развојот на квалитетни програми и системи. 

  • Систем за обезбедување квалитет

Универзитетот на Југоисточна Европа разви систем за обезбедување квалитет (СОК) во согласност со ISO 9001:2015, кој е успешно сертифициран во последниве десет години.

Креирањето на систем за управување со квалитет според стандардот ISO 9001: 2015 е стратешка одлука за една институција, бидејќи помага да се подобрат вкупните перформанси, како и да се обезбеди цврста основа за одржлив развој.

Системот за обезбедување квалитет на Универзитетот се ревидира на годишно ниво, внатрешно преку тимот за ревизија и надворешно од независно тело за сертифицирање на системот за квалитет. Со оваа надворешна ревизија се потврдува дека ние ефективно менаџираме со процесот и дека имаме ефективна контрола врз нашите активности.

ИСО (Меѓународната организација за стандардизација - International Organization for Standardization) е светски најголемиот развивач и издавач на меѓународни стандарди и има широка мрежа, каде државите се претставени со по еден член од државата, и Генерален секретаријат во Женева, Швајцарија, кој го координира системот. Тоа е невладина организација која формира мост меѓу јавниот и приватниот сектор.

ИСО овозможува да се достигне консензус за решенијата кои ги исполнуваат барањата на деловниот сектор и пошироките потреби на општеството и овозможи на Универзитетот да го зајакне ефикасното функционирање преку постојано подобрување, евалвација и промоција на целосната култура за квалитет.

Google+