Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Внатрешна евалуација

Опсервација на учењето и наставата

Еден од најзначајните фактори  преку кој се осигуруваме дека постојано се подобруваме и развиваме е квалитетот на наставата која ја испорачуваме на студентите. На универзитетот има многу добра настава и учење. Ние се стремиме да осигуриме дека ја споделуваме добрата пракса и го поддржуваме кадарот во развојот на вештините и на методологијата. На Универзитетот му требаат и податоци на институционално ниво за да го измери и да го подобри ова.

Поради тоа Универзитетот има годишна шема за опсервација за да:

  • ги поддржи стратегиските цели на универзитетот за постојано подобрување и развој   на учењето и наставата
  • обезбеди доказ за обезбедување квалитет  на ниво на факултет и на универзитет
  • осигури  дека искуството за учење на студентите е од највисок квалитет  на секој факултет
  • признае добрата пракса и да овозможи поделба на добра пракса на секој факултет и на универзитетот
  • поддржи постојан, индивидуален развој на кадарот
  • информира задругите релевантни процеси особено процесот за годишна само-евалуација и распределба на бонус за кадарот
  • осигури дека  учењето и наставата се  инклузивни и ја рефлектираат заложбата на универзитетот за еднакви можности

Секој член од академскиот кадар го опсервираат обучени опсерватори  од факултетот или од централниот тим. Тие добиваат совет  пред часот и лични повратни резултати со писмен извештај по опсервираниот час. Резимираните извештаи се испраќаат два пати годишно до  кадарот и до студентите. Дополнително се обезбедуваат посебни извештаи  и можности за обука за секој факултет/центар.

Евалуација од студентите

Со цел на студентите да им се даде можност за евалуација  на академскиот кадар, предметите  и ефективноста на административните  услуги и капацитети, студентите на УЈИЕ пополнуваат годишна анкета за евалуација. Анкетата се спроведува анонимно и доверливо со цел да добиеме чесни и конструктивни коментари кои ќе ни помогнат да се подобриме.    

Резултатите од анкетата се даваат на секој  член од академскиот кадар  и на административниот оддел, а резимеата се достапни  на ниво на Факултет/Центар и на Одборот на Универзитетот  на годишно ниво и истите се вметнуваат  во акционите планови на одделите. Исто така има и процедура за жалби од студентите  која може да се користи за областите за подобрување.

Евалуација на кадарот

Универзитетот  признава дека кадарот е клучен ресурс и цели кон признавање на достигнувањата, да го поддржи постојаниот развој и да ја менаџира индивидуалната и севкупната изведба. Така има годишен процес за евалуација на академскиот и на  административниот кадар  со кој се исполнуваат овие цели и се даваат информации за процесот за обновување на договорот и за унапредувањето. Процедурата употребува и други механизми за евалуација и доказ на пример податоци за успешност, опсервација на наставата и евалуација од студентите.Тоа исто така се поврзува и со другите политики како што се дисциплинската политика. Исто така, дел од евалуацијата е и оценката за почитување на универзитетските политики и процедури.  Критериумите се поставени во Стратегија за човечки ресурси  и завршувањето на оваа евалуација е задолжително.

Процесот е дизајниран за активно користење од одговорните на факултетот, центарот и лидерите на одделот  во дискутирањето на  изведбата со кадарот, поддршката на нови цели и идентификација на професионален развој.  

Покрај тоа, Политиката за плата и други надоместоци  обезбедува можност за финансиска награда  според усогласените критериуми  за висока индивидуална изведба. На крајот има шема за годишна награда со парична награда за најдобриот проект за придонес во наставата и учењето.  

Внатрешна ревизија на системот за обезбедување квалитет

Универзитетот  врз основа  на  ISO 9001:2008, точка 8.2.2, изведува годишна внатрешна ревизија  за да одреди дали квалитетот на системот за  обезбедување квалитет (СОК) е:
a) Во согласност  со планираните , барањата од (види 7.1) од ISO 9001:2008 и барањата од СОК воспоставени на Универзитетот, и 
б)   Ефективно имплементиран и одржуван
Се воспоставува  процедура  во која се дефинирани одговорностите и барањата  за планираните и изведените ревизии , воспоставувањето податоци и резултати за  извештаи. Доколку се воочат недоследности Директорите/Одговорните  од соодветната ревидирана област ќе преземат активности за нивно подобрување за што ќе  известат на состаноците на Тимот за квалитет со предавање  на извештаите за напредок до менаџерот за квалитет.     
 

Внатрешната ревизија 

Внатрешната ревизија на ЈИЕУ е независна, објективна и советодавна активност  и има за цел да ги подобри функциите на организацијата. Исто така има за цел да помогне на Универзитетот за да ги достигне целите преку систематски, дисциплиниран пристап за да ја евалуира и подобри ефективноста на управувањето со  ризикот, процесите за контрола и управување. 
Со внатрешната ревизија се обезбедува мислења преку осигурување дека средствата на Универзитетот се чуваат и дека функциите се извршуваат ефективно, ефикасно и економично  во согласност со Универзитетските политики, одредби и закони и  извештаите се достапни и точни.   
Процесот на ревизија е сличен со повеќето ангажирања и вообичаено се состои од следниве фази: планирање, работа на терен и известување. 
 
Планирање - Внатрешната ревизија подготвува  годишен распоред за ревизија  во кој се наведени  областите за активност за следената година. Годишниот внатрешен план за ревизија се одобрува од  Комитетот на Универзитетот за ревизија и за управување со ризик. 
Внатрешниот ревизор вообичаено контактира со одделот кој ќе биде ревидиран  седум дена пред  закажаниот датум за почеток на ревизијата. Внатрешниот ревизор вообичаено се сретнува со одделот кој ќе биде ревидиран седум дена пред  почетокот на ревизијата. Се закажува и состанок со цел да се добијат информации за областа  која ќе се ревидира  и да се дискутира обемот и времето  на планираната ревизија. Ова исто така претставува можност за да се  обезбеди придонес за ревизијата, особено доколку има идентификувано и области од посебен интерес.  
 
Работа на терен - Работата на терен се концентрира на формалната комуникација. Во текот на оваа фаза ревизорот одредува дали соодветно функционираат контролите кои се идентификувани во текот на прелиминарната ревизија и се во согласност со начинот одреден од одделот. Ревизијата вообичаено вклучува дискусии со клучниот кадар и ревидирање на документацијата со цел да се разберат системите и процесите. Работата на терен вообичаено се закажува за да се вклопи колку што е можно со одделот кој е ревидиран но и да му се дозволи на ревизорот да ја заврши работата.  
Ревизорот е отворено дискутира со кадарот од одделите за работите кои се идентификувани во текот на извршувањето на работата. Овој аспект од ревизијата е важен затоа што менаџерите  можат да понудат увид  во работата  со ревизорот за да ги одредат најдобрите начини за разрешување на проблемите кои можат да произлезат.  
 
Известување - По работата на терен предлог се подготвува извештајот и резимето  на препораки и истото се доставува до  ревидираниот оддел. Ревизорот  ќе се сретне со одговорните на одделите за да ги дискутира резултатите и сродните препораки. Овој состанок претставува можност  за да се објаснат прашањата кои произлегуваат од ревизијата и да се разгледаат сите нерешени прашања. Состанокот исто така помага за да се осигури дека се решени сите можни недоразбирања.  
Доколку се усогласат промени на предлог - извештајот  во текот на состанокот истите ќе бидат  внесени во крајниот извештај. Од ревидираниот оддел исто така ќе се побара да обезбеди писмен извештај за препораките. Овие одговори формално ќе се забележат во резимето на препораки.  
Крајниот извештај се подготвува и се доставува во ревидираниот оддел, ректорот и Комитетот за ревизија и управување со ризик. 
Google+