Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Животот на Кампус

Разновидноста е зборот со кој може да се опишат големите можности за забава кои ги нуди Кампусот на Универзитетот.

Универзитетот на Југоисточна Европа нуди богата програма на активности, во кои студентите можат да се вклучат во текот на летниот и на зимскиот семестар, но и за време на празниците. Тие можат да бидат дел од конференции, студентски посети, разни работилници, студентски дебати, разни настани, спортски и културни активности и многу други активности организирани од Универзитетот, но и од пошироката заедница. Во рамките на студиските програми, организирани се многу студиски посети од соодветните области, студиски екскурзии и летни школи. Студентите можат да бидат дел од студентски клубови и да бидат активни во рамките на Студентското собрание и студентската асоцијација, спроведувајќи разни кампањи во корист на пошироката заедница.

Универзитетот ги спроведува своите академски активности на Тетовскиот кампус и Центарот во Скопје.

Кампусот во Тетово е изграден врз принципот сè на едно место, овозможувајќи инклузивна интеракција меѓу студентите од сите студиски области. Универзитетскиот кампус располага со зеленило и со сместувачки капацитети, вклучително и со четири големи предавални со капацитет од 200 до 500 студенти, повеќе од 30 училници со капацитет од 30 до 60 студенти, два современи компјутерски центри со повеќе од 650 компјутери, библиотеки, домови и голем број места за рекреација. Опремата за настава е модерна и практична, обезбедувајќи оптимални услови за примена на интерактивно учење.

Центарот на Универзитетот во Скопје не е толку голем како Кампусот во Тетово, но ги содржи сите основни карактеристики по кои УЈИЕ е уникатен и европски универзитет и соодветно место за стекнување знаење и диплома.  на Универзитетот во Скопје се наоѓа во централниот дел на Скопје.

Google+