Еко Кампус
Кампусот на ЈИЕУ е единствен во регионот во кој од почеток од фазата на проектирањето, па сè до реализацијата се води грижа за стандардите за зачувување на животната средина и за еколошкиот систем.
Дизајниран од самиот почеток како зелен и еколошки кампус, Универзитетот континуирано инвестира во заштита на животната средина: еколошки градежни материјали, грижа за зелениот простор, филтрирање и повторна употреба на вода, селекција и рециклирање отпад, а има и бројни инвестиции во производството на обновлива енергија и за зголемена енергетска ефикасност.
Поголем дел од вкупната површина на кампусот, околу 25.000 м2, е засаден со зелени површини. Околу 60 % од материјалите употребени за време на изградбата на објектите се со еко-карактеристики.
Универзитетот употребува вода од своите извори, која се филтрира и е со висок квалитет за консумирање. Ние од ЈИЕУ сме посветени и водиме грижа за рециклирање на отпадите, па за таа цел од почетокот се врши поделба на различните материјали од отпадите, кои потоа се транспортираат во соодветни фабрики за преработка.
ЈИЕУ постојано инвестира во технологијата за заштеда на електричната енергија. ЈИЕУ, исто така предвидува инвестирање во обновливи ресурси со што се очекува намалување на загадувањето на животната средина, а со тоа и позитивно влијание врз развојот на економијата во земјава.
Универзитетот се смета за еколошка оаза затоа што покрај инвестирањето во соларни панели за производство на електрична енергија, постои и систем за централно греење каде што емисијата на јаглерод диоксид е нула.