Инситут Макс ван дер Штул

Институтот „Макс ван дер Штул“ (МВДШ) е научен институт во рамките на Универзитетот на Југоисточна Европа, кој се фокусира на интердисциплинарните полиња на информатички и комуникациски технологии, општествени науки и економија.
Основан како научна-академска единица на Универзитетот во март 2012 година, научниот институт „Макс ван ден Штул“ е именуван според поранешниот висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства „Макс ван дер Штул“ (1924-2011) кој порано беше многу активен во регионов со своите дипломатски напори за превенција на конфликти и еден од главните иницијатори за основање на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Клучна активност на Институтот е истражувањето (развој и спроведување на истражувачки проекти). Институтот ги вклучува следниве истражувачки групи: група на дистрибуирани системи и наука за податоци, група за општествени науки и група за животна средина и здравје.
За повеќе информации: https://mvdsi.seeu.edu.mk