COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

SEEU Review

Јавен повик за трудови:

SEEU Review Том 16 Број 2 

Крајниот рок за доставување трудови е 30. септември 2021 година.

SEEU Review е он-лајн научно списание со меѓународен карактер, со меѓуколегијална рецензија и со отворен пристап, кoе се издава од Универзитетот на Југоисточна Европа и од издавачот Де Грутер.

Списанието има за цел да обезбеди меѓународен форум за истражување, анализи и за дебати од различни области како што се: правото, економијата, јавната администрација, меѓународните односи, политичките науки, јазиците, комуникацијата, технолошките науки, животната средина и др.

Научното списание (SEEU Review) при УЈИE издава оригинална научна работа која демонстрира актуелност и релевантност од полето на студии. Доставените трудови ќе бидат рецензирани од анонимни рецензенти од специфични области вклучени во списанието. Научниото списание ќе ги прифати за разгледување следниве видови на трудови: истражувачки трудови, рецензии, ставови и бели книги.  

SEEU Review се издава двапати годишно.

Пред да го пратите вашиот труд ве молиме читајте ги Упатства за доставување трудови.

Google+