COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Упатства за доставување трудови

Секое поднесување на труд за научното списание  (SEEU Review) мора да биде оригинално и правилно да  бидат наведени сите извори и цитати. Актот на доставување до научното списание на УЈИЕ за објавување ќе се смета за изјава за авторство и оригиналност од  авторот(ите) на доставениот труд. Предадените трудови не треба да бидат дадени на разгледување за издавање на некое друго место.

Ракописите треба претходно да бидат лекторирани на англиски јазик од професионален уредник или роден говорител на англиски јазик. Потврда дека ракописот е лекториран треба да се достави заедно со ракописот на review@seeu.edu.mk. Примерок за сертификат кој треба да го пополни јазичниот уредник може да се најде тука: СЕРТИФИКАТ 

Сите материјали кои ќе бидат доставени треба да го следат стилот за формат и за референци APA (American Psychological Association). Ракописите треба да содржат најмногу 8.000 зборови вклучувајќи ги тука и апстрактот (кој треба да содржи од 200 до 300 зборови), референците и другите елементи.

Тука е достапен правилно форматиран примерок: PAPER TEMPLATE

Целосниот ракопис, вклучувајќи ги апстрактот, референците и табелите треба да бидат презентирани во А4 формат, печатени со единечен проред со големина на букви 12 во фонтот тајмс њу роман (TimesNewRoman). Треба да се започне со насловната страница на која ќе бидат наведени насловот на трудот, името на авторот, институцијата и адресата за коресподенција, и-мејл адресата, предложените кратки наслови за поглавјата и од три до пет клучни збора. На следната страница треба да се стават насловот на статијата и апстрактот, а потоа да се продолжи со содржината на статијата. Сите страници мора да се нумерирани.

Авторите не треба да користат бројки. Доколку постои причина за употреба на бројки авторите мора да достават оригинални електронски копии во EPS, TIF,  или во висока резолуција во формат JPG. Доколку има табели тие не треба да бидат направени во ексел (Excel) туку во мајкрософт ворд (Microsoft Word).

Уредниците на списанието го задржуваат правото да ги вратат трудовите на авторите, без меѓуколегијална рецензија, доколку неправилно се форматирани.


Наплата за обработка на труд

Авторите чии статии ќе се прифатат за објавување во SEEU Review треба да уплатат такса од 50 евра. Авторите ќе треба да ја платат таксата откако ќе го добијат известувањето за прифаќање од Уредничкиот одбор на SEEU Review преку review@seeu.edu.mk. Оваа такса ќе се искористи за да се покријат услугите за објавување на платформата Sciendo и меѓународниот издавач Де Грутер.

Способноста за плаќање на авторот не влијае на процесот на рецензија ниту нa прифаќањето на ракописите за објавување.

Детали за уплата во денари : Детали за уплата во евра :
Recipient: УЈИЕ Тетово Примач:  УЈИЕ Тетово – EUR
Број на сметка: 200001161622619 IBAN: MK07200000900909026
Aдреса: Бул. „Илинденска“ бр.335, 1200 Тетово SWIFT: STOBMK2X
Име на банка: СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје Aдреса: Бул. „Илинденска“ бр.335, 1200 Тетово
Адреса на банка: 11.октомври бр.7, 1000 Скопје Име на банка: СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје
    Адреса на банка: 11.октомври бр.7, 1000 Скопје

За повеќе информации, ве молиме контактирајте:

имејл: review@seeu.edu.mk

веб:

УЈИЕ: https://www.seeu.edu.mk/en/research/seeu-review

De Gruyter: https://content.sciendo.com/view/journals/seeur/seeur-overview.xml

Google+