COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Мисија

Асоцијацијата АЛУМНИ на ЈИЕУ е посветена да му служи на Универзитетот, Алумни (дипломираните), студентите и на нивните пријатели. Мисијата на асоцијацијата е да го зајакне и да го прошири ЈИЕУ помагајќи во уписот на студентите, ангажирајќи се во активности за зголемувањето на угледот на Универзитетот во земјава и надвор од неа, и да промовира позитивна слика на Универзитетот и на своите алумни.

Цели:
1. Да поттикнува меѓусебна корисна врска меѓу Универзитетот и Асоцијацијата АЛУМНИ .
2. Да промовира долгорочна поврзаност меѓу алумни, студентите, кадарот и пријателите на Универзитетот.
3. Да иницира соработка со други асоцијации АЛУМНИ или организации со цел да одржува добра волја и поддршка за градот преку спонзорство на општественото образование, филантропските и услужно-ориентираните програми.
4. Да поттикнува корисна вклученост на сите студенти на додипломски и последипломски студии, да го зачува чувството на гордост базирано на извонредните квалитети на Универзитетот и понуденото образование.
5. Да биде отворена кон сите, врз основа на еднаквост и заслуга без разлика на етничката припадност.
6. Активно да бара соработка со слични организации, во Македонија и на меѓународно ниво.

Google+