COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Факултет за бизнис и економија

Факултетот за бизнис и економија (ФБЕ) нуди акредитирани студиски програми на три циклуси на студии: додипломски, магистерски и докторски. Покрај овие академски програми, ФБЕ, во соработка со бизнис-заедницата, нуди специјализирани студии со цел проширување на капацитетите на системот во служба на регионалните и меѓународните потреби на пазарот.

Тековно, Факултетот нуди нови студиски програми, во согласност со трендовите на други меѓународни универзитети, и кои се приспособени да ги задоволат потребите на новиот пазар на трудот. Студентите кои успешно ги завршуваат програмите ќе имаат можност да ги практикуваат знаењата и вештините стекнати за време на своите студии на ФБЕ.

Студентите се во центарот на вниманието на Факултетот за бизнис и економија, каде покрај наставата и учењето во училниците, студентите постојано се поддржани преку онлајн услуги (MySEEU, Webmail, Google Classroom, Library). За секој студент, поддршката што ја дава советникот за студентите е надополнета  со тутор (професор) определен од факултетот, кој ги советува студентите за  академскиот напредок и можностите за кариера.

Студентите кои ќе изберат да студираат на Факултетот за бизнис и економија имаат можност да  следат настава на три јазици: албански, македонски и англиски. Тие имаат можност да учат од искусен наставен кадар и квалификуван од најпрестижните локални и меѓународни универзитети.

Во соработка со овие меѓународни универзитети, како и од јавниот и приватниот сектор, Факултетот за бизнис и економија ги дизајнираше и ги усогласи своите студиски програми и реализира професионален развој на академскиот кадар и подобрување на квалитетот на предавањето и учењето.

Google+