Бесплатна правна помош од страна на Правната Клиника Про Бона по повод на Меѓународен ден на жената 8 Март
- Бесплатни правни совети за имотните и наследните права на жената според позитивното законодавство на РСМ.
- Совети и правна помош за сите дејствија кои се третират како семејно насилство според позитивното законодавство на РСМ.
- Совети и правна помош во врска со развод на бракот во ситуации кога заедничкиот живот станал неподнослив како и поради други законски причини за развод на бракот.
- Правни совети за сите жени кои имаат потреба да засноват семејство преку биомедицинско потпогнато оплодување.
Сите заинтересирани жени можат да ја посетат Правната Клиника “Про Бона” на 8 Март, Понеделник (од 10: 00 до 12: 00 часот) или да не контактират преку емаил legalclinicprobono@seeu.edu.mk