Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

КОНКУРС ЗА ИЗБОР И НАЗНАЧУВАЊЕ РЕКТОР

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) (www.seeu.edu.mk) е приватно-јавен непрофитен универзитет со околу 4000 студенти, со седум факултети (Правен факултет, Факултет за современи општествени науки, Факултет за бизнис и економија, Факултет за современи науки и технологии, Факултет за  јазици, култури и комуникации, Факултет за здравствени науки и Факултет за технички науки), со главен  универзитетски кампус во Тетово и уште еден центар во Скопје. Универзитетот функционира на три работни јазици: албански јазик, македонски јазик и англиски јазик. 

Бидејќи актуелниот мандат на ректорот завршува во август оваа година, Универзитетот на Југоисточна Европа ја отпочнува постапката за избор и назначување нов ректор.  Оваа постапка ќе се спроведува согласно со  националниот Закон за високо образование и Статутот на Универзитетот.

Ректорот е главен извршен директор на Универзитетот, кој води  раководен тим и поднесува извештај пред Одборот на Универзитетот, тело за назначување, составен од меѓународни и од национални членови.

 Суштинските барања за позицијата се:

  1. поседување  академско звање редовен професор признаено во Република Северна Македонија,
  2. искуство од менаџирање, по можност стекнато во универзитетска средина,
  3. ентузијазам за развој на посебната мисија на УЈИЕ.

Доброто познавање на работните јазици на Универзитетот е од особена важност, при што солидното познавање на англискиот јазик е од суштинско значење поради меѓународниот карактер на Универзитетот. Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат  горенаведените критериуми се добредојдени да се пријават.

Мандатот за назначување е три години, почнувајќи од 1. септември 2025 година. Потребните документи за апликација, како и дополнителни детали за позицијата и постапката може да се добијат од генералниот секретар, д-р Џеваир Мемеди. (x.memedi@seeu.edu.mk). Апликациите со користење на пропишаниот формулар (само) мора да бидат примени преку е-пошта од генералниот секретар до 03. април 2025 година. Неформални прашања може да се упатат до претседателот на Универзитетскиот одбор, д-р Клаус Тохтерман (kw.tochtermann@seeu.edu.mk).

Google+