Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Историјат на Универзитетот

        Пролетта 2000 високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ даде иницијатаива за дискусија за фондација на интернационални донатори за нов универзитет во Република Северна Македонија. Следејќи го усвојувањето на Законот за високо образование од Парламентот на Република Северна Македонија кој дозволува основање на универзитети со недржавно финансирање и со доминантно предавање на албански јазик, започна деталното планирање кон крајот на 2000. Изградбата започна во март 2001 и Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се отвори шест месеци подоцна со 900 студенти. Во октомври 2002 бројот на студентите се покачи на 2.250, а во октомври 2003 ЈИЕУ имаше 3.700 студенти.

        
        Од отворањето на овој Kампус во Тетово, во октомври 2001 година успеа да се етаблира како универзитет воден од квалитетот, финасиски одржлив и како модел на една мултиетничка, мултијазична високообразовна институција во Југоисточна Европа. Понатаму, успеа да ги комбинира најдобрите искуства од САД и од Европа и продолжи да ги користи сознанијата од академската соработка со Комисијата на Европската унија и со УСАИД , како и со другите донатори. Се користат и стипендиите поддржани и обезбедени од Кралството Холандија и од Институтот Отворено општество. Неговиот историјат, кој можете да го прочитате преку линкот „За Универзитетот“ е фасцинантен опис за достигнувањето до оваа позиција на ЈИЕУ во услови на политичка и економска несигурност во регионов. Сега ЈИЕУ им помага на другите институции и на заедницата во промовирањето соработка при истражувањето, размената на студенти и на кадар.

             Универзитетот нуди многу можности кои им служат на студентите за реализирање на своите цели во областа која ја избрале. Но со цел да им се даде на студентите солидна академска основа, Универзитетот исто така нуди практична совети поврзани со нивната кариера и поддршка за да можат дипломираните да ги користат вештините и знаењето кои ги стекнале на ЈИЕ Универзитетот да ги применат во практичната работа.

Google+