Канцеларија за академско планирање (КАП)
Канцеларијата за академско планирање е организациона единица во рамките на Универзитетот. Канцеларијата е одговорна за организирање, координирање и за надгледување на академските процеси под раководство на проректорот за академско планирање и дигитализација.
Канцеларијата за академско планирање ја организира и ја поддржува реализацијата на наставниот процес преку внимателно управување со универзитетските ресурси, почнувајќи од процесот на акредитација на студиските програми до реализација на распоредот за предавања / испити за да им помогне на студентите да ги постигнат своите академски цели и личниот успех.
Проректор за академско планирање и дигитализација
Води и менаџира, на стратешко ниво, повеќе оддели и универзитетски процеси во определени области со цел да осигури дека стратешките цели и оперативната ефективност на Универзитетот се развиваат, имплементираат и достигнуваат;
Обезбедува стратешки совети и лидерство во областите определени од Ректорот и ја презентира визијата на Универзитетот.
Води развој на академските работи, според политиките на универзитетот, по приоритет во доменот на дигитализацијата со цел да поттикне највисоко ниво на достигнувања.
Координатор за академски прашања
Главни активности и одговорности:
- Ги координира академските политики, правила и процедури низ факултетите со цел да се обезбеди кохерентност и усогласеност на институционално ниво.
- Асистира при подготовка, ревизија и акредитација на студиските програми во соработка со академските единици.
- Ги олеснува процесите на академско управување преку организирање и документирање на состаноци, подготовка на материјали и одржување на службени евиденции за Ректоратската управа и Сенатот на универзитетот, по потреба.
- Обезбедува насоки за факултетите и студентите во врска со академските регулативи, наставните програми и управувањето со предметите.
- Обезбедува усогласеност со националните стандарди за високо образование и со институционалните политики за обезбедување квалитет.
- Подготвува извештаи, анализи и статистички податоци за поддршка на академското планирање и донесувањето одлуки.
- Соработува со административните служби и надворешните партнери за поддршка на академските операции и развојот на програмите.
- Допринесува во иницијативи кои го подобруваат дигитализирањето, координацијата и комуникацијата во рамките на академските процеси..
Координатор за планирање на распоредот
Го координира распоредот и го следи ефективното спроведување на администрирањето на предметите и испитите според студиските циклуси, ефективна соработка со Проректорот за академско планирање и дигитализација, Координаторот за академски прашања, деканатите, факултетите / центрите, студентскиот сервис, советување и поддржување на кадарот и студентите за прашања поврзани со ова.
Проф. д-р Флорије Исмаили
Советник за академско планирање и за дигитализација
Тел: +389 44 356 284
и-мејл: f.ismaili@seeu.edu.mk
М-р Ема Муртезани
Координатор за академски работи
Тел: +389 44 356 031
и-мејл:ema.murtezani@seeu.edu.mk
М-р Бурим Исмаили
Координатор за планирање на распоредот
Тел: +389 44 356 050
и-мејл:b.ismaili@seeu.edu.mk
