Информации од јавен карактер
Правото за пристап до информации од јавен карактер се остварува согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Со овој закон се обезбедува јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и им се овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Врз основа на Член 9 од Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), Имателите на информации се должни редовно да водат и да ја ажурираат листата на информации со кои тие располагаат и да ги објавуваат на начин достапен за јавноста (интернет страница, огласна табла и друго).
Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер се остварува со поднесување на барање до службеното лице за слободен пристап до информации од јавен карактер на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Службено лице за слободен пристап на информации од јавен карактер
Бесник Џеладини
И-мејл: b.xheladini@seeu.edu.mk
Тел. 044 356 094
Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер може да се достави во следниве форми:
- Усно барање
- Писмено барање
- Електронско барање
Имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на барањето со можност за продолжување до 30 дена (Член 21 и 22 од Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер).
Обрасци
Word file - Барање за слободен пристап на информации од јавен карактер
PDF file - Барање за слободен пристап на информации од јавен карактер
Список на информации од јавен карактер:
- податоците од надлежностите на универзитетските тела ,
- основните податоци за контакт со имателот на информацијата
- основните податоци за контакт со лице овластено за заштитено внатрешно пријавување
- список на лица вработени кај имателот на информацијата со позиција,
- законите кои се однесуваат на надлежноста на имателот на информации,
- прописите што во рамките на својата надлежност ги донесува имателот на информацијата во вид на подзаконски акт
- органограм за внатрешна организација,
- стратегиски планови,
- годишен Буџет и завршна сметка,
- ревизорски извештај на имателот на информацијата
- видови услуги кои ги даваат имателите на информации
- листа на тарифи за надоместоци за издавање на реални акти
- извештаи за работа кои ги поднесуваат до органите надлежни за спроведување контрола и надзор
- извештај за самоевалуација
Годишните извештаи за слободен пристап на информации од јавен карактер