Сенат
Универзитетскиот сенат е стручен орган кој се состои од:
- Ректор;
- Проректори;
- Декани на факултетите, директори на другите академски единици;
- Двајца членови на академскиот кадар од секој факултет избрани со гласање од наставно-научниот совет на факултетот.
- Претставници на студенти избрани од Студентското собрание (најмалку 10 %, но не повеќе од 15 % од вкупниот број членови на Сенатот);
- Еден претставник од неакадемскиот кадар.
Мандатот на членовите на Сенатот трае три години со право на уште еден избор. Мандатот на претставниците на студентите трае една година без право за повторен избор. Постапка за разрешување на избран член на Сенатот може да се поведе од претседателот на Сенатот во случај на три последователни неоправдани отсуства. За разрешување одлучува Сенатот со мнозинство гласови. Доколку се разреши избраниот член на Сенатот се известува одредениот наставно-научен совет за предлог на нов член на Сенатот. Свикувањето и работата на Сенатот поблиску се уредуваат со Правилникот за работа на Сенатот.
Надлежности на Универзитетскиот сенат
Универзитетскиот сенат:
- Одлучува за наставната, научната и применувачката дејност.
- Избира членови на интеруниверзитетската конференција со тајно гласање.
- Дискутира за општи прашања во врска со научно-истражувачката работа, студиите, наставата и наставните предмети на Универзитетот.
- Ги усвојува студиските програми по препорака на наставно-научните совети на факултетите и на научните институти.
- Ги одредува образовните активности на Универзитетот кои треба да се одржуваат на албански јазик, македонски јазик и на меѓународните јазици во согласност со одредбите на Законот за високото образование и по препорака на наставно-научните совети.
- Креира процедури за обезбедување академски квалитет и назначува
- Комисија за евалуација и усвојување на Прирачникот за евалуација во согласност со Законот.
- Имплементира процедури за обезбедување академски реформи и ги усвојува и ги ревидира наставните предмети.
- На Одборот му предлага симболи на Универзитетот.
- На Одборот му ги предлага школарините и другите плаќања на Универзитетот.
- На Одборот му предлага основање внатрешни организациони единици.
- По препорака на Ректорската управа, а во консултација со Одборот на Универзитетот го одредува бројот на студентите кои ќе се запишуваат и критериумите за прием на студенти.
- Ги одредува политиката, критериумите и процедурите за оценување и испитување на академската работа на студентите по препорака на Ректорската управа.
- Ги определува одредбите за доживотно учење по препорака од Ректорската управа.
- Ги одредува процедурите за доделување квалификации и почесни академски називи
- Ги одредува процедурите за исклучување на студентите од академски или други причини.
- Ја разгледува политиката за заштита на интелектуалната сопственост на Универзитетот и неговата комерцијална експлоатираност.
- Определува одредба за советување за други прашања за кои Одборот на Универзитетот, Извршниот комитет, ректорот или Ректорската управа можат да се обратат до Сенатот.
- Ја утврдува листатa на кандидати за ректор.
- Го усвојува годишниот извештај за работата на ректорот.
- Донесува академски правилници.
- Од редот на редовните професори на Универзитетот избира лице овластено за прием на пријавен лист за корупција.
- Го разгледува буџетот на Универзитетот.
- Ја разгледува стратегијата на Универзитетот.
- Ја основа комисијата за прием на студенти на Универзитетот.
- Основа комисија за самоевалуација.
- На предлог на студентското собрание на Универзитетот го избира студентскиот правобранител.
- На предлог на ректорот го избира деканот од листата од тројца кандидати за декан одредена од наставно-научниот совет и донесената одлука ја испраќа за потврда до Извршниот комитет на Одборот.
- На предлог на ректорот избира директор на центар и донесената одлука ја испраќа за потврда до Извршниот комитет на Одборот.
- Одлучува за избор и реизбор во наставно-научно, научно, наставно, наставно-стручно и соработничко звање на вработените.
- Го усвојува етичкиот кодекс на студентите.
- Го основа стручниот Совет за докторски студии.
- И одлучува за други прашања одредени со Законот и со овој Статут.
Претседател на Сенатот
Со работата на Сенатот претседава претседателот на Сенатот. Претседателот на Сенатот се избира од редот на сенаторите со тајно гласање за период од една година, со право на уште еден избор. За избор на претседател на Сенатот, Сенатот може да одлучува доколку на седниците присуствуваат најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот, а одлучува со мнозинство од присутните членови. Право да предложи претседател на Сенатот има секој член на Сенатот. Доколку во првиот круг не се избере претседател, гласањето се повторува, така што во секој нареден круг отпаѓа лицето што добило најмал број гласови. Ако ниедно лице не го добие потребното мнозинство гласови, постапката се повторува со предлагање друго, односно други лица за претседател.
Претседателот на Сенатот ги свикува седниците на Сенатот. Претседателот на Сенатот е должен на барање на најмалку една петтина од членовите на Сенатот, или на барање на ректорот да свика седница на Сенатот. Доколку претседателот на Сенатот не постапи согласно со одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член, ректорот ја свикува седницата на Сенатот. Во случај на отсуство или спреченост на претседателот на Сенатот, седниците на Сенатот ги води ректорот
Мандатот на претседателот на Сенатот престанува пред истекот на периодот за кој е избран во случај на непочитување на законитоста и статутарноста на работењето на Сенатот. За престанување на мандатот одлучува Сенатот на начин и постапка како за неговиот избор.