Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректор

Ректорот е раководен орган на Универзитетот кој го застапува Универзитетот во земјава и во странство. Ректорот се избира од редот на редовните професори со објавување јавен оглас. Ректорот се избира од Одборот на Универзитетот од кратката листа на тројца кандидати потврдена од Сенатот. Постапката за избор на ректорот се утврдува од Одборот на Универзитетот. Изборот ќе се врши за време од три години со право на уште еден избор.

Надлежностите на ректорот на Универзитетот опфаќаат:

  • Презентација на предлози пред Одборот на Универзитетот во врска со образовниот карактер и мисијата на Универзитетот, земајќи ги предвид препораките и ставовите на Сенатот и на Ректорската управа.
  • Имплементација на одлуките донесени од Одборот на Универзитетот, Извршниот комитет и Универзитетскиот сенат.
  • Организација, управување и менаџмент со Универзитетот, како и раководење на вработените.
  • Подготвување на годишните приходни и расходни предвидувања на разгледување пред Одборот на Универзитетот и менаџмент на буџетот и ресурсите во рамките на процените дадени од Одборот на Универзитетот.
  • Хармонизирање на научноистражувачката дејност и применетата дејност во високото образование и други работи на Универзитетот.
  • Доставување до Одборот на Универзитетот, Сенатот и до Ректорската управа предлози и одлуки за прашања за кои тие се компетентни да ги разгледуваат и да одлучуваат.
  • Одлучување за финансиски прашања кои не се во надлежност на Одборот на Универзитетот.
  • Промоција на доктори на науки и доделување награди.
  • И други работи утврдени со Законот и со овој Статут.

Ректорот е обврзан до Сенатот и до Одборот на Универзитетот еднаш годишно да достави извештај за својата работа и за работата на Универзитетот.

Ректорот се грижи и е одговорен за законитоста на работата на Универзитетот и на универзитетските единици. Ректорот може да го суспендира деканот, односно директорот поради незаконито вршење на должноста и да постави времен вршител на должноста декан, односно директор. Против одлуката на ректорот може да се поднесе жалба до Одборот. Одлуката на Одборот за жалбата е конечна.

Ректорот одговара пред Одборот на Универзитетот за ефикасната работа и за редот на Универзитетот, како и за управувањето на Универзитетот според политиките утврдени од Одборот на Универзитетот. Вршењето на должноста ректор е неспојливо со вршењето јавна функција или функција во политичка партија.

Google+