Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорски совет

Ректорскиот совет ги има следниве функции:
  • Да делува како регуларен и фреквентен канал за комуникација меѓу своите членови, како и меѓу членовите на Сенатот, Ректоратот, Одборот и Извршниот комитет.
  • Да донесува одлуки за академските прашања кои се делигирани од страна на Сенатот и да доставува извештај до Сенатот;
  • Да донесува одлуки за итни академски прашања и да го известува Сенатот за тоа.
  • На предлог на ректорот да дава одобрение за датумите на сесиите, периодите за запишување, распустите и за испитните сесии.
  • Да дава одобрение за назначување на академскиот кадар на предлог на советите на факултетите.
  • Да назначува и да отстранува испитувачи по препорака на советите на факултетите.
  • Да ја има улогата на форум за планирање, регулирање и за обезбедување ресурси за академски цели.
  • Да подготвува точки за разгледување од Сенатот, Одборот на Универзитетот или од Извршниот комитет.
  • Да доставува коментари во врска со предлозите на ректорот, за разгледување на Сенатот, Одборот или на Извршниот комитет.
  • Да ги извршува сите функции на Ректорскиот совет пропишани со овој Статут.

Членови на Ректорскиот совет:

- Ректoрoт,

- Прoректoрите,

- Генералниoт Секретар,

- Деканите на факултетите;

- Директoрoт на Институтпт за живптна средина и здравје,

- Директoрoт на Јазишниoт центар,

- Директoрoт на Центарoт за е-учење;

- Претседателот па студентскиот парламент (без право на глаc)

Google+