Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Профил на студентски правобранител

Студентски правобранител

Цел

Студентскиот правобранител придонесува за зачувување на највисоките стандарди  за академскиот живот и ефективната поддршка на студентите со независно и непристрасно разгледување на студентските жалби  кои не биле решени од одделот или од факултетот. Тука исто така е вклучена и работата и однесувањето на Уни.ком за службите на студентите и Студентскиот парламент и студентската асоцијација. 

Пристап

Студентскиот правобранител е независен,непристрасен, доверлив и праведен. Тој/таа не ги претставува  студентите, универзитетот или некоја внатрешна или надворешна организација или група и не може да биде избран  како претставник  на било кое  универзитетско тело. Таа/тој  не застапува ниту една индивидуа. Тој/таа работат  за фер и непристрасно администрирани процеси како и очекувани стандарди на професионално однесување и сервиси.   Користењето на услугите од студентскиот парламент од студентите е волонтерски и не е задолжителен чекор  во било која друга процедура или процес.  

Студентскиот правобранител може да не истражува било кое прашање   за кое имаат конфликт на интереси  или со кое се компромитира неутралноста на позицијата. Во овој случај, тој/таа бараат  поддршка од генералниот секретар и/или претседателот на студентскиот парламент и студентската асоцијација.

Овластување

Студентскиот правобранител може да се консултира со кадарот и со другите студенти, да ги истражува документите и по потреба да добие независен правен совет.

По формалното истражување, тој/таа може да дадат препораки  за разрешување на поплаките  до Провостот (за академски работи), генералниот секретар (административни или општи работи) или претседателот ан студентскиот парламент и студентската асоцијација. По неколку сериозни прекршувања тие можат да изберат  директно да го известат Ректорот и/или Претседателот на Одборот.

Студентскиот правобранител  исто така може да даде препораки  за измени во универзитетските практики за да се заштитат повторните појавувања  на слични жалби  и поплаки.

Сепак,  студентскиот правобранител не може да го присили универзитетот или некој од факултетите, одделот или единицата на Универзитетот да ја сменат одлуката  или да усвојат препорака.

Тој/таа  известува на годишно ниво  до Одборот на Универзитетот и Студентскиот парламент и студентската асоцијација  за различните видови жалби и поплаки од студентите и за севкупното  функционирање на процедурите за жалби или некои други релевантни процедури и процеси и можеби ќе биде побарано лично да присуствува за ад ги презентира резултатите.

Одговорности

Студентскиот правобранител:

  • ќе обезбеди редовни информации за улогата на студентскиот правобранител за да осигури дека студентите и кадарот се свесни за оваа позиција, улогата и важноста во соработка со релевантните оддели;
  • ќе има тековни информации за политиките и за процедурите на Универзитетот за да ги советува студентите за нивните права и одговорности  во однос на овие процеси;
  • ќе добијат и ќе  ги заведуваат жалбите, поплаките кои се доставени од  студент или од група студенти  објективно и доверливо;
  • ќе потврдат и забележат  дека студентот или групата студенти  ги имаат преземено сите разумни чекори за да го решат проблемот во рамките на факултетот или одделот;
  • неформално ќе испитуваат со цел да одлучат дали е потребно понатамошно испитување;
  • активно ќе  овозможува  неформални дискусии  за да ги идентификува најдобрите опции за разрешување на проблемот и забележува кога се решаваат прашањата и како;
  • ќе го поддржи функционирањето на процедурата за жалби од студентите, во соработка со канцеларијата за обезбедување квалитет;
  • независно ќе ги истражува поплаките и доколку е потребно ќе преземе и  дополнителни делувања и ќе дава препораки за разрешување на поплаките до Провостот ( за академски работи) , генералниот секретар ( за административни и за општи работи)  или претседателот на студентската асоцијација и студентскиот парламент;
  • редовно ќе ги информира студентите или групата  за напредокот  за кое и да било прашање ;
  • ќе обезбеди општ извештај за работата на студентскиот правобранител и за сродните работи на годишно ниво
  • ќе учествува во обуката која е релевантна на позицијата и по потреба  ќе придонесува во давањето совети и идеи кои се однесуваат на одредени политики и процеси 
  • ќе ја извршува улогата  во согласност со  правните барања, статутот на универзитетот, политиките, процедурите и упатствата и ќе ја следи мисијата на Универзитетот за извонредност и за еднаквост

Потребни вештини

  • Способност да комуницира  на двата локални јазици кои се употребуваат на универзитетот (албански и македонски); Англискиот е исто така пожелен
  • Компјутерски вештини релевантни за комуникација и архивирање
  • Способност да преговара позитивно со студентите и со кадарот  
  • Решавање проблеми и иницијатива
  • Способност за независна работа  
  • Пишување извештаи  и основна анализа на податоци

Поддршка

Студентскиот правобранител  може да добие поддршка и совет од канцеларијата за правни работи и набавка, канцеларијата за обезбедување квалитет, канцеларијата за човечки ресурси, деканатите, студентскиот сервис или некои други оддели.

Формулари:

  • Формулар за барање за студентите- студентски правобранител
  • Записник од студентскиот правобранител
  •  

Процедури:

  • Процедура за жалби
  • Издадени академски правилници
  • Издадени административни правилници
  • Правилник за студентски парламент и студентска асоцијација
  • Процедури на Уни.ком како правилникот за студентскиот дом
Google+