Овој водич дава специфични упатства и стандарди, дизајнирани како референтна алатка за правична употреба на брендот Универзитет на Југоисточна Европа (УЈИЕ). Потврден и одобрен од Универзитетот во декември 2019 година, Визуелниот идентитет беше развиен од Канцеларијата за маркетинг и промоција, во согласност со стандардите за брендирање и во консултација со факултетите, веаботените, студентите и поранешните студенти- алумни.
Овој прирачник може да се преземе од следниов линк Водич за стил на идентитет, додека подетални информации за соодветна употреба на елементите на брендот УЈИЕ или визуелниот идентитет може да се добијат од Канцеларијата за маркетинг и промоција: proffice@seeu.edu.mk.
Универзитетот на Југоисточна Европа, како свој визуелен знак, усвои неколку верзии на логото: Примарно, секундарно и терцијарно лого.
Примарното лого е составено од кругот со знакот и текстот позициониран десно од знакот.
Примарното лого не треба да биде помало од 50 мм со 10 мм.
Бојата во позадина треба да биде само бела.
Кругот со знакот не треба да се користи како самостоен графички систем.
При промена на големината на логото, треба да се внимава да се одржи пропорционалноста на димензиите.
Симни примарно лого
Симни транспарентно примарно лого
Симни векториално примарно лого
Секундарното лого е составено од кругот со ознака и текстот поставен под нив.
Секундарното лого не смее да биде помало од 40 мм со 20 мм.
Секундарното лого е составено од кругот со ознака и текстот поставен под нив.
Бојата во позадина треба да биде само бела.
Кругот со знакот не треба да се користи како самостоен графички систем.
При промена на големината на логото, треба да се внимава да се одржи пропорционалноста на димензиите.
Симни секундарно лого
Симни транспарентно секундарно лого
Симни векториално секундарно лого
Терцијарното лого се состои од кругот и акронимите на Универзитетот, во рамките на кругот.
Стандардите за користење на терцијарното лого се исти со оние на примарното и на секундарното лого.
Терцијарното лого треба да се користи само кога:
- - просторот за поставување лого е ограничен
- - примарните и секундарните верзии на логото не се соодветни за одредени специфични типови на печат, како што се: текстилно печатење, мали букви од винил, несоодветни позиции за клучни логоа на веб, ТВ, итн.
Терцијарно лого не треба да се појавува помало од 10 мм за 10 мм.
Изборно: Ако се користи терцијарното лого, идентификаторот (Универзитет на Југоисточна Европа) треба да се вклучи секогаш кога е можно.
Забелешка: Секогаш имајте предвид дека терцијарното лого се користи само во случаи кога не може да се користи примарното и секундарното лого.
Симни терциарно лого
Симни транспарентно терциарно лого
Симни векториално терциарно лого
Корица за магистерскa теза
Бојата на корицата треба да биде темно сина, буквите треба да бидат сребрени и фонтот "Calibri", а треба да се отпечатат во „сито“’ техника.
Симни корица за магистерскa теза
Корица за докторска теза
Бојата на корицата треба да биде бордо, буквите треба да бидат златни и фонтот "Calibri", а треба да се отпечатат во „сито“’ техника.