Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ и МАПАС потпишаа меморандум за соработка за унапредување на финансиската едукација и професионалната пракса

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) вчера, на 27 октомври 2026 година, потпишаа Меморандум за соработка, со цел создавање стратешко партнерство за унапредување на образованието, практичната обука, финансиската едукација и јавната свест во областа на капитално финансираното пензиско осигурување.

Меморандумот беше потпишан во просториите на ЈИЕУ од страна на Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Садудин Ибраими, и Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, г. Ремзи Бајрами.

Во рамките на меморандумот се предвидува организирање професионална пракса за студентите, промоција и едукација на студентите, вработените и јавноста за вториот и третиот столб од пензискиот систем. Соработката, исто така, вклучува експертска поддршка и вклучување на професионалниот кадар во наставни и истражувачки активности, како и размена на податоци, публикации и релевантни информации.

Преку ова партнерство, УЈИЕ и МАПАС имаат за цел да придонесат кон приближување на високото образование со професионалната пракса и кон зголемување на свеста за важноста на финансиската едукација и пензискиот систем.

Google+