Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ и Институтот на овластени сметководители на Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС) денеска, на 28 октомври 2026 година, потпишаа Меморандум за соработка, со цел професионален развој и зајакнување на врската меѓу академските студии и професионалната пракса.

Меморандумот беше потпишан од страна на Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, и Претседателката на ИСОС, г-ѓа Весна Прентоска, кои оценија дека овој чекор директно ќе придонесе за подготовка на професионални кадри, поврзувајќи ја академската теорија со реалните потреби на бизнис и сметководствената заедница.

Преку овој договор, студентите од Факултетот за бизнис и економија при УЈИЕ ќе имаат можност за професионална пракса и стажирање во ИСОС, додека експертите од институтот ќе придонесуваат во наставниот процес преку предавања и практични обуки.

Соработката предвидува, исто така, организирање заеднички конференции, семинари и истражувачки активности, како и учество на Саемот за кариера на УЈИЕ, со што се создаваат нови можности за интеграција на студентите и дипломците на пазарот на труд.

Преку овој Меморандум се отвора патот за поинтензивна соработка со релевантни институции од соодветните области, со цел обезбедување професионална пракса за студентите на УЈИЕ.

Google+