Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ изразува сочувство по повод смртта на проф. д-р Суло Хадери

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) изразува длабока жалост по повод смртта на проф.д-р Суло Хадери, важен соработник и пријател на Универзитетот.

Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, во име на Универзитетот и во свое лично име, упати најискрено сочувство до семејството Хадери, притоа истакнувајќи го значајниот придонес и поддршка на проф. д-р Суло Хадери во институционалниот развој на Универзитетот.

Неговите колеги и соработници од Факултетот за бизнис и економија го паметат проф.д-р Хадери со почит и особена благодарност за неговата безрезервна поддршка и континуираната соработка, од 2003 година па сè до пред неколку години.

Неговата професионална и човечка соработка остави драгоцени траги во развојот на Факултетот за бизнис и економија и на Универзитетот во целина, се наведува, меѓу другото, во телеграмата со сочувство.

Google+