Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Правниот факултет на УЈИЕ организира VII Меѓународна научна конференција по правни науки – ISCLS ’26

Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), во соработка со Европската асоцијација за право и политика во образованието (ELA - European Association for Education Law and Policy) и Правниот факултет на Колеџот ААБ, Косово, (AAB College)на 18–19 ноември 2026 година ја организираат VIIМеѓународна научна конференција по правни науки (ISCLS’26).

Конференцијата ќе се одржи во хибриден формат, во кампусот на УЈИЕ во Тетово и онлајн, со учество на истражувачи, универзитетски професори, меѓународни експерти и практичари од областа на правосудството.

Под темата „Правни реформи и европска интеграција: Зајакнување на владеењето на правото во Западен Балкан“ (Legal Reforms and European Integration: Strengthening the Rule of Law in the Western Balkans), конференцијата има за цел да создаде платформа за размена на знаење и дискусија за современите правни предизвици, со фокус на правните реформи, европските интеграции и зајакнувањето на владеењето на правото на Западен Балкан.

Според Програмата на првиот ден, на 18 ноември, ќе бидат опфатени презентации и дискусии од различни области на правото, вклучувајќи уставно, кривично, граѓанско, трговско и семејно право, човекови права, европски интеграции, како и прашања поврзани со дигитализацијата и вештачката интелигенција.

Вториот ден, на 19 ноември, ќе биде посветен на темата „Миграции, мобилност и образование преку границите“ (Migration, Mobility and Education across Borders), со фокус на миграцијата, мобилноста, образованието преку граници, признавањето на квалификации и академската и професионалната мобилност.

Главни говорници на конференцијата се двајца меѓународно признати експерти: проф. Јан Де Гроф (Jan De Groof), истражувач во областа на правото на образование и поранешен на специјален преставник на УНЕСКО за правото на образование, кој ќе учествува на двата дена од конференцијата, и проф. Дирк Ванхејле (Dirk Vanheule), професор по право на миграции на Универзитетот во Антверпен и директор на Истражувачка група за влада и право, кој ќе даде придонес во вториот ден.

Конференцијата се организира под координација на проф. д-р Албана Метај-Стојанова, во соработка со д-р Федерика Торта.

Повеќе информации: ISCLS’26 – Официјална страница на конференцијата

Google+